Клековски: Потребни се промени во здравствениот систем – „не можеме на 2 милиони жители да имаме еден онколошки центар“

February 21, 2025
1 min read

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, гостувајќи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, најави иницијатива за повторно отворање на Центарот за трансплантација. Тој посочи дека заедно со директорот на Клиниката за Онкологија, Бајрами, разговарале за обезбедување дополнителни средства за негово реновирање и ставање во функција, откако беше затворен за време на пандемијата и привремено пренаменет во ковид-центар.

Клековски истакна дека покрај ова, во дополнителниот буџет на Клиниката се разгледуваат и средства за поттикнување на трансплантации, како и други медицински интервенции.

Говорејќи за проблемите во здравствениот систем, Клековски ја критикуваше претходната влада, нагласувајќи дека недостигот на стратегија е долгогодишен проблем.

„Лицемерно е оние што го водеа здравството со години сега да критикуваат последици од сопственото работење. Недостасува стратегија за развој на здравствената мрежа во Македонија. На пример, зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини. Ако дојде време за сервисирање, нема алтернатива“, рече Клековски, додавајќи дека требало да се создаде план Б за идни дефекти и сервиси.

Како уште еден пример за пропусти во здравството, тој го посочи случајот со компјутерската томографија во Струмица, која не работи девет месеци.

„Не бегаме од критики, но овој проблем потекнува од времето на претходната власт. СДСМ не направи доволно за да го реши. Ние веќе обезбедивме средства и за поправка и за набавка на нов апарат, но постапката за набавка двапати пропадна“, објасни Клековски.

Клековски укажа дека Македонија не може да функционира со еден онколошки центар за целата земја.

„Не е одржливо два милиони луѓе да зависат од еден онколошки центар. Бугарија, на пример, има 35 болници каде што се аплицира таргет-терапија. Мораме да го децентрализираме системот, и тоа треба да биде дел од стратегијата“, истакна тој.

Во однос на скапите терапии, Клековски најави дека за наредната година се планираат нови мерки.

„Бројот на пациенти ќе расте, животниот век се продолжува, а количините на лекови ќе бидат сè поголеми. Ако не најдеме начин да ги намалиме цените, финансиски нема да можеме да го издржиме тој товар“, предупреди тој.

Во таа насока, тој се изјасни против безусловното вклучување на сите фармацевтски компании на позитивната листа.

„Ќе ги вклучиме само оние што ќе понудат најниска цена, најблиску до референтната. Во моментов дозволуваме влез и на компании со цени трипати повисоки од утврдените стандарди“, нагласи Клековски.

Еден од главните предизвици во здравството, според Клековски, е недостатокот на кадар во руралните подрачја.

„Во Дебар има 10 невработени лекари, а истовремено има празни места за матични доктори. Но, луѓето не сакаат да работат како матични лекари бидејќи оваа професија е финансиски потценета“, објасни тој.

Клековски посочи дека македонскиот здравствен систем е застарен и мора да се адаптира на актуелните потреби.

„Клиничкиот центар троши половина од целото јавно здравство. За лекови против рак, пациентите од Дебар, Пробиштип или Струмица мора да патуваат до Скопје. Тоа мора да се промени“, заклучи тој.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Јавна трибина за „Безбеден град“

Следно

Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа

Latest from Blog

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување
Go toTop