Тетовскиот театар и библиотека во финансиски грч – само 1.6% од потребниот буџет за 2025 година

February 19, 2025
1 min read

За тетовскиот театар и библиотека за 2025 година  се издвоени само 15 милиони денари, или само 1,6 % од средствата потребни за реализација на проектот на објектот. Тоа значи дека доколку Владата и Министерството за култура секоја година издвојуваат толку средства,за Тетовскиот театар ќе  бидат потребни цели 66 години за да се  заврши. Додека рокот даден од министерството, според договорот, е крајот на 2026 година.

Вршителот на должност, директор на Центарот за култура во Тетово, кој раководи со овој проект, вели дека досега Министерството за култура од 2021 година издвоило само 412 милиони денари или околу 30 отсто од потребните средства.

„Гледајќи го целокупниот период, ние сме на 30% од буџетот за тој проект. Прелиминарната сума изнесува приближно 1 милијарда денари, 900 милиони денари, додека министерството кога требаше да го затвориме овој проект издвои само 15 милиони денари за театарот, што е околу 1,6% од  100%. Односно, за 2025 година се предвидени само 15 милиони денари. Само 15 милиони денари, смешно симболична сума. Што значи дека недостасуваат милијарда денари за завршување, буџетирање, на тој проект. Значи дека за 2025-26 година, ако треба да го затвориме тој проект, владата треба да предвиди 500 милиони денари, конкретно за двете години, а не 500 милиони денари, туку Владата предвидела 15 милиони денари, сума која значи  дека нема да се реализира“, вели Фатлинд Ајдини.

Прашавме во Министерство за култура но не добивме одговор.

Но, една од причините за доцнењето на изградбата на Театарот и библиотеката, како што изгледа, е злоупотребата за незаконски придобивки.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред неколку месеци поднесе кривична пријава против фирма и три лица за злоупотреба при изградбата на објектот.

Според обвинението, во периодот од 2014 до 2020 година, сопственикот и менаџерот на компанијата С.Ш., во соработка со Х.Ф., тогашниот директор на Центарот за Култура “Иљо Антески-Смок” во Тетово, и А.А., претседател на Комисијата за јавни набавки, а подоцна и вршител на должност во Центарот за култура манипулирале со регулативите и процедурите за јавни набавки. Тие се сомничат дека ја злоупотребиле својата службена должност и овластување, овозможувајќи незаконски придобивки за вклучената компанија во вредност од над 832 милиони денари.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Исплатата на „МојДДВ“ во тек, треба да заврши до крајот на месецов

Следно

Борба со вандализмот: Работен состанок во Владата во врска со несовесното однесување кон јавните добра

Latest from Blog

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop