Борба со вандализмот: Работен состанок во Владата во врска со несовесното однесување кон јавните добра

February 19, 2025
1 min read

По повод се поакутниот проблем со несовесното третирање и однесувања кон јавните добра, пред сè поради вандализмот кон урбаната опрема, игралиштата и јавните површини, денеска во просториите на Владата на иницијатива на Министерството за локална самоуправа се одржа работен состанок меѓу претставници од повеќе министерства и Управниот одбор на ЗЕЛС каде се дискутираше за изнаоѓање на одржливи решенија.

– Заложба на Министерството за локална самоуправа е да се постигне трајно системско решение со кое ќе се санкционира таквото однесување, но и да се акцентира потребата од создавање на систем за правилен третман и превенција од ваквите случаи кои се честа појава, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

За таа цел, како што се наведува во соопштението, Министерството за локална самоуправа формирало работна група во која партиципираат и претставници од Министерството за транспорт, Министерство за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за образование и наука, Министерство за социјална политика, демографија и млади, како и претставници од Управата за извршување на санкциите – Сектор за пробација и од невладини организации, но и претставници на ЗЕЛС.

На состанокот било констатирано дека е потребно трајно решение и отворен пристап на сите чинители кон проблемот со вандализмот, како и потреба од усвојување на ефективни механизми за справување со оваа појава.

Од Министерството за локална самоуправа посочуваат дека во рамки на актуелниот процес за изменување на Законот за локална самоуправа, оваа проблематика ја разгледуваат како една од клучните теми и таа е во фокусот од самиот почеток на процесот, а е една и од четирите основни темели на кои се базираат законските измени кои се подготвуваат.

-На потребата од зајакнување на механизмот на комунален надзор инсистираа и речиси сите досегашни учесници на серијата јавни дебати на кои се разменуваа мислења и предлагаа идеи во насока на заедничко изготвување на подобрен и модернизиран Закон за локална самоуправа, кој како процес го води Министерството за локална самоуправа, се посочува во соопштението.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински се заблагодарил на пројавениот интерес на сите чинители и потенцирал дека е можен успех само доколку сите одговорни фактори застанат зад решенијата што се предлагаат.

– Со изменетата законска рамка, практично ќе се создаде правна основа за зголемување на ингеренциите на постоечките комунални редари, материја која ќе се доуреди со Законот за комунални дејности. Во случајов, со овој механизам нема да се превенира само малолетничкиот вандализам, туку вандалското однесување и девијантните појави, без оглед на возраста на сторителите, потенцирал Перински.

На средбата било истакнато дека Министерството за локална самоуправа и натаму е отворено за сите иницијативи, идеи, предлози и сугестии кои би биле во интерес на поефикасно локално управување, од која корист ќе имаат не само општините, туку и граѓаните.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тетовскиот театар и библиотека во финансиски грч – само 1.6% од потребниот буџет за 2025 година

Следно

„Никој не може да ја натера Украина да се откаже“, вели висок украински дипломат во услови на тензии со САД

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop