НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА ОБЈЕКТИТЕ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА И ДРАМСКИ, КОИ БИЛЕ ИЗГРАДЕНИ ПРЕД 60 ГОДИНИ „ГАЗ ПРЕКУГЛАВА”, УШТЕ ФУНКЦИОНИРААТ, РЕЧЕ ЈЕЛЕНА ЛУЖИНА НА ПРОСЛАВАТА НА 6О ГОДИНИ ОД СТАРИОТ ОБЈЕКТ НА МНТ

February 19, 2025
3 mins read

Објектот на Театар Комедија, некогашен Македонски народен театар, денес прослави 60 години од постоењето со изложба на скици од 20 костими кои биле користени во театарот. Скиците ги нацрта Елена Дончева, а почесна гостинка на настанот беше примабалерината Емилија Џипунова која настапувала во објектот.

„Оваа зграда во која што сме сега и се надевам ќе бидат многумина по нас, пред 60 години била срцето на постземјотресно Скопје. Овде 60 години има аплаузи, страв и трема. Јас не се плашам, немам трема“, рече директорот на театарот Дарко Спасов, кој додаде дека иако зградата е дотраена и стара, тој е благодарен што постои.

На настанот со емоции за старите бараки на Театар Комедија и на Драмски театар зборуваа и професорката на Факултетот за драмски уметности Јелена Лужина и директорот на Драмски, Роберт Вељановски.

Роберт Вељановски, Јелена Лужина и Дарко Спасов на денешниот настан во Театар Комедија. (Фото: Ѓ. Личовски)

„По земјотресот во Скопје имаше една мртва трка помеѓу сегашниот Драмски театар и сегашен Театар Комедија, кој прв да се всели под тие свети покриви. Имаме овде една голема дама која играше овде во тие три дена, нашата примабалерина Емилија Џипунова. Таа е сведок на настанот кој се случи пред 60 години, а ние го меморираме со голема чест и задоволство. Ги разгледавме сите 12 монографии кои се објавени за реконструкцијата на Скопје. Во тоа Скопје во кое луѓето живееле во шатори и имаат проблеми со храна и секакви други проблеми кои вашите генерации не можат ни да замислат, во такво Скопје се градат хуманитарни бараки кои се помош од целиот свет. Во Скопје по Втората светска војна заеднички ‘рбмаат и градат двете најголеми сили, Американците и Русите. Се случуваат неверојатни напори населението да се смести од шаторите во бараките. И во целата таа врвулица се градат две бараки за потребите на културата. Првата е сегашен Драмски театар, тогашен Детски театар, а втората е Македонски народен театар, сегашен Театар Комедија“, рече Лужина и додаде дека овој објект направен на сончевата страна од улицата.

Беа изложени скици од 20 костими кои се користеле во објектот на сегашен Театар Комедиија (Фото: Ѓ. Личовски)

„Не можам да поверувам и неколкупати проверував дека овие две бараки се изградени за точно 16 месеци. И дека денес, нешто што е изградено ‘газ прекуглава’ што би рекол Цепенков, издржало 60 години и функционира. Еве го гледам мојот некогашен студент, директор на тетарот кој е изграден пред десетина години. Понекогаш, поминувајќи низ фоајеата и подрумите, и гледајќи ги, имам чувство дека подобро издржале овие бараки отколку тој несреќно златно кичест театар на левиот брег на Вардар. Ви посакувам добро здравје и среќа, ќе ви треба за да се носите со тоа“, му рече Лужина на директорот на МНТ Никола Кимовски, кој беше гостин на настанот.

Лужина додаде дека некогашниот Македонски народен театар во тоа време е наменски проектиран за три национални ансамбли: Драма, Опера и Балет, но дека денешните театри не можат да функционираат како пред 60 години.

„Овој објект го има проектирано Мирослав Крстоншиќ, а проектната документација ја има платено Народно позориште од Нови Сад. Тоа беше  нивната донација за Скопје. Тој господин како студент на архитектура, очигледно вљубен и фасциниран од Македонија го градеше и хотел ‘Парк’ во Охрид, кој денес е затворен. И многу сме кадарни да ги запустуваме култните места кои треба да се некакви знаци покрај патот, како што би рекол Иво Андриќ. Оваа барака е проектирана намерно, прецизно и точно, токму за ова место и за оваа локација. И овие локации се многу интересни во овие наши невротични времиња на казино- капитализмот во полн замав, затоа што се идеални на нив да се изградат некакви 50 катници со 5 илјади станови и да се профитира на најлесен и на најбрз начин. Овие двајца витези кои се нурнати во нешто што е непрофитабилно и неисплатливо во секаква смисла се борат фрапантно и френатично за своите две бараки“, рече Лужина и додаде дека театрите денес мораат да имаат подобри технолошки услови.

„Ние 60 години функционираме во едни објекти кои по сила на нештата се направени како што се направени“, рече директорот на Драмски театар Роберт Вељановски и апелираше за подобри услови на театрите.

Вељановски рече дека е емотивно врзан за бараката како градба затоа што работи во барака и живеел во барака.

На настанот беше промовирана и книгата „Ла барака“ во која повеќе автори сведочат за историјата на некогашниот МНТ.

Примабалерината Емилија Џипунова на 21 февруари во 1965 ја изиграла правата балетска претстава во тогашниот МНТ (Фото: Ѓ. Личовски)

На 19 февруари 1965 се одигра првата претстава во новоизградениот монтажен објект на МНТ, кој се наоѓа на булеварот Климент Охридски во Скопје, тогашен булевар ЈНА. Претставата е „Коломба“ на Жан Ануј, комедија во четири чина, во режија на Димитар Ќостаров. Главните улоги ги играле Љупка Џундева, Мери Бошкова, Ристо Шишков, Драги Костовски и Чедо Христов.

Наредниот ден оперскиот ансамбл на МНТ ја извел „Набуко“ од Џузепе Верди, а на 21 февруари настапил и балетскиот ансамбл со „Копелија“ на Лео Делиб, со кореографија на Јитка Ивеља.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зибери: Девојче од Шуто Оризари дури по 13 години е запишано во матичната книга на родени

Следно

Димитриеска-Кочоска на средба во Стопанската комора – Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите

Latest from Blog

Речиси сите училишта во Велика Британија го забрануваат користењето мобилни телефони

Мноштвото училишта низ Велика Британија ја забранија употребата на мобилни телефони за време на училишните часови, покажува првото национално истражување од овој вид, со оглед на растечката загриженост за негативното влијание на

На страната на возачот Пајазити што ја усмрти Теодора, застанаа обвинителката Елмази, апелационите судии, Хајдари, Рустеми и Мурати, и на крај судијата Ферати, кој пресуди само две години затвор

На пресудата од само две години за возачот Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази младата Теодора Ристовска од Тетово, и претходела една подолга судска постапка. Судскиот совет откако го разгледа

Иранскиот Фестивал на лалињата го претвори паркот Чамран во море на пролетни бои

Разнобојни лалиња во полн цут ги воодушевија посетителите на годишниот Фестивал на лалињата во Иран, истакнувајќи ги богатите хортикултурни традиции на земјата, јавува Анадолу. Оваа, 11-та година на негово одржување, фестивалот се

Предлог притвор за 35-годишник од Кондово: Во неговиот дом неовластено држел пиштол и се заканувал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став

Петар Богојески ги обедини партиите на Албанците

Именувањето на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови – институција што има за цел да ги приближува младите кон европските вредности, предизвика реакции во јавноста заради неговиот познат
Go toTop