Бремпт: Кина произведува многу челик, тоа ќе ги намали цените кај нас, а тарифите од САД ќе наштетат и на нивната економија

February 19, 2025
1 min read

Кетлин ван Бремпт во интервју за ТВ21 во Брисел, зборуваше за теговските односи помеѓу ЕУ, САД и Кина, кои се нарушени особено по воведувањето на такси од страна на Доналд Трамп.

Бремпт во интервјуто кажа дека поради големото производство на челик од страна на Кина, ќе има намалени цени во Европа, а дека тарифите кои ги вовела САД, ќе бидат штета и на самите нив.

„Имаме многу проблеми со кинеските производи. Инаку високите тарифи на челик и алуминиум ѝ штетат на економијата на САД и на нивните потрошувачи, но и на европските потрошувачи и нашата економија. Но згора на сѐ, во Кина има преголемо производство на челик. Кина произведува премногу, па тој челик ќе ги намали цените на нашиот пазар. Не само што нема да можеме да го извеземе нашиот челик во САД поради високите тарифи, туку и кинескиот челик ќе ги намали цените на нашиот пазар. Компаниите за челик нема да можат да преживеат поради ниските цени. Мораме да се заштитиме. Да се навратам на нерационалноста на Трамп. Тоа ќе ѝ наштети и на економијата на САД. Зашто сѐ е поврзано. Американските работни места зависат од партнерството со ЕУ. 3/4 од алуминиумот што е потребен во САД за производство на прозорци, автомобили и многу други работи го снабдуваат од увоз. Не го произведуваат сами. Ќе пораснат цените на алуминиумот и на челикот, а со тоа и на автомобилите, на градежниот материјал итн. Веројатно со помош на овие закани сака да се спогоди за други работи“, вели Бремпт.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Или-Или објави два романи на Зоран Фериќ

Следно

Перински: Караванот „Каде што срцето е дома“ е важен за нас, ни дава можност да ги слушнеме реалните потреби на граѓаните

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop