Или-Или објави два романи на Зоран Фериќ

February 19, 2025
1 min read

Издавачката куќа Или-Или во едицијата ПРОаЗА денес ги објави романите Смртта на девојчето со кибритчињата и Додека ја преминуваш реката на еден од најпопуларните и наградувани современи хрватски писатели, Зоран Фериќ. И двата романа се во превод на Владимир Јанковски.

Смртта на девојчето со кибритчињата е првиот роман на Зоран Фериќ, објавен во Хрватска во 2002 година по неколкуте успешни збирки раскази. Наизглед едноставната криминалистичка приказна за убиството на локалната проститутка и потрагата по убиецот се претвора во виор од необични настани и бизарни ликови – од ексцентрични чудаци до наизглед обични мештани кои ги кријат своите тајни.

Малиот островски свет на Фериќ не е само кулиса – тој е огледало на нашето секојдневие, гротескна преслика на реалноста која истовремено нè забавува и нè тера на размислување. Со доза фантазмагорична имагинација, романот ги истражува границите помеѓу нормалното и апсурдното, додека црниот хумор нè спасува од тежината на тој свет.
Овој роман е објавен со поддршка на фондацијата Традуки.

Романот Додека ја преминуваш реката е најновиот роман на Фериќ (2022), во којшто мајсторски ја истражува суптилната рамнотежа помеѓу страста и табуата, минливоста на љубовта и вечните илузии.

Инспириран од познатиот роман Љубовникот на Маргерит Дирас, Фериќ пишува од перспективата на љубовникот, во едно поинакво време и простор. Неговиот текст пулсира со поетичност, страсна ирационалност и смелост што го предизвикува лицемерието на светот.

Ова не е само роман за љубовта – ова е огледало на човечката природа, каде возвишеното и вулгарното, нежноста и желбата се спојуваат во една електризирачка приказна што ќе ја паметите.

Овој роман е објавен со поддршка на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска.

Или-Или од претходно ги има објавено и романите Календарот на Маите и На осамениот брег покрај морето сошто македонската читателска публика има можност да се запознае созначаен дел од творештвото на Фериќ.

Зоран Фериќ (Загреб, 1961) дипломирал југославистика на Филозофскиот факултет во Загреб. Раскази објавува во списанија и весници од 1987 година, но првата збирка раскази, Стапицата за глувци на Волт Дизни ја објавува во 1996 година. Десет години подоцна за неа ја добива наградата „Декада“. За втората збирка раскази, Ангел во офсајд, објавена во 2000 година, ја добива наградата „Ксавер Шандор Гјалски“ и наградата на „Јутарњи лист“ за прозна книга на годината.

Првиот роман, Смртта на девојчето со кибритчињата, го објавува во 2003 година, а романот Децата на Патрас излегува од печат во 2005 година. Шест години подоцна, во 2011 година, го објавува романот Календарот на Маите, за кој ги добива наградите „Владимир Назор“, „Јутарњи лист“, наградата на градот Загреб и наградата „Киклоп“ што ја доделува саемот на книга во Пула.

Во 2015 година. го објавува романот На осамениот брег покрај морето а обемната семејна сага Патувачки театар е објавена во 2020 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СРЦЕТО МИ ЧУКА ОД ВОЗБУДА ИСТО КАКО ПРЕД 25 ГОДИНИ, ВЕЛИ БАЛЕРИНАТА И КОРЕОГРАФКА САША ЕВТИМОВА КОЈА ВЕЧЕРВА СО „ЕСМЕРАЛДА“ СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ

Следно

Бремпт: Кина произведува многу челик, тоа ќе ги намали цените кај нас, а тарифите од САД ќе наштетат и на нивната економија

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop