Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Македонија

February 19, 2025
1 min read

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Компанијата „Терна“ пред четири месеци беше избрана за изведувач на грчкиот дел на интерконекторот, при што го презеде деталниот проект, набавката на материјали и изградбата на гасоводот Неа Месимврија – Евзони/Гевгелија.

Грчкиот портал пишува дека за конкретниот проект што е во надлежност на Националниот оператор за пренос на гас на Грција ДЕСФА, буџетот е ревидиран на 92 милиони евра (од 67 милиони евра во претходната програма), а паралелно во тек е и тендерот за изградба на мерната станица, што е клучна за непречено функционирање на гасоводот.

Проектот, според грчките портали специјализирани за енергетски теми, се очекува да биде финализиран на пролет следната година, временски период поместен поради доцнењето од наша страна.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска пред две седмици, по учеството на енергетски Самит во Грција и по средбата со нејзиниот грчки колега Теодорос Скилакакас, во разговор за МИА, за интерконекторот објасни дека кај нас беше поништена постапката и беше покрената нова, а цената е за 12 милиони поевтина од минатиот пат.

– Што се однесува до Номагас ги изврши сите проверки, ние од наша страна сè завршивме. Испратено е до Европската инвестициона банка и секој ден се очекува, деновиве за една недела максимум очекуваме потврда и да започнеме со потшишување на договорот за фирмата која е најуспешен економски оператор и да почнеме со изградба, затоа што се чека на нас, објасни министерката пред две седмици и посочи дека токму за интерконекторот разговарале со Скилакакис.

Гасоводот предвидено е да биде во должина од 123 километри, од кои 67 километри се на македонска територија, да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас, а со цел да се диверзифицираат изворите на снабдување со природен гас во Македонија.

Паралелно преку проектот, нашата земја ќе има можност да се снабдува и со природен гас и течен природен гас (ЛНГ) од грчките терминали во Ревитуса и Александруполи.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Со изградбата на интерконекторот, поради географската положба, нашата земја може да стане крстопат во регионот, со оглед на тоа што како што објасни Божиновска за МИА веќе постои конекцијата со Бугарија, се работи на онаа со Грција, а минатата година беше потпишан меморандум за соработка и со Србија, со што како што рече „работиме на тоа што значи дека низ нас ќе поминува транзитна рута и ќе се снабдува не само Србија, туку и Унгарија и Австрија“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти: Уморен сум да играм против Гвардиола

Следно

Ни доаѓа ли ум: Вчера „само“ 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop