Г7 го повика ММФ да обезбеди помош за Украина до крајот на март

February 23, 2023
1 min read

Министрите за финансии на Групата седум најразвиени земји (Г7) денеска го повикаа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да обезбеди нов пакет помош за Украина до крајот на март.

– Ги повикуваме ММФ и Украина да воспостават кредибилна, амбициозна, целосно финансирана програма со соодветни услови до крајот на март 2023 година, се вели во заедничката изјава од министерскиот состанок во Бангалор, јужна Индија.

Министрите од Г7, која ја сочинуваат Канада, САД, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Велика Британија, додадоа дека санкциите досега „во голема мера ја ослабнале способноста на Русија да ја води својата нелегална војна“.

– Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ефикасноста на санкциите и да преземаме нови мерки доколку е потребно. Исто така ќе продолжиме тесно да соработуваме со нашите партнери за да ги спроведеме санкциите и да го спречиме секој обид за избегнување или заобиколување на санкциите, се додава во соопштението.

Министрите на Г7 ги повикаа другите земји да се приклучат на санкциите против Русија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Западното предавство на слободата

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Груби, алијас Веља Невоља дели совети, вистински најдобро за македонскиот и албанскиот народ е да си замине од политика и одговара за криминалот

Latest from Blog

ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА НАПРЕДУВА СПОРЕД ПЛАНОТ: Завршувањето се очекува следната година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција

Натанијел Браун за уште посилен Баерн Минхен

Очигледно дека екипата на Баерн Минхен нема намера да сопре со својата доминација на домашно тло, па само што започна преодниот рок во Бундеслигата, а веќе „Баварците“ доведоа две огромни засилувања. По

Трамп ја бранува алијансата пред самитот: Односот со НАТО не е реципрочен!

 Само неколку дена пред состанокот на лидерите на Алијансата во Турција закажан на 6 и 7 јули, американскиот претседател Доналд Трамп повторно е незадоволен и повторно го отвори прашањето за нерамномерното издвојување
Go toTop