Мехмети во Аргумент плус: Етничките прашања во Македонија не се проект туку емоционални прашања за сите граѓани

February 18, 2025
1 min read

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети, во Аргумент плус рече дека етничките прашања во Македонија не се проект туку емоционални прашања за сите граѓани.

Според него, идеите за промена на државен грб се дефокусирање од случувањата во светот.

„Етничките прашања се живот. Меѓуетничките односи сакаат грижа, да се грижиме како да се однесуваме и како да ги решаваме проблемите. Мислам дека не е добра идеја и очигледно работите не одат во правец да се постигне нешто а ова да се стави на страна. Имаме етнички прашања а процесот за влез во ЕУ е закочен“, изјави Мехмети.

Тој објасни дека се отвораат и нови етнички прашања со кои може да се зголемат тензиите.

„Гледаме дека се отвараат нови етнички прашања и сега мислат дека со ова ќе ги балансираат страстите на своите поддржувачи. Проблемот е што имаме дефокусирање посебно во време кога се случуваат многу работи во светот. Поважно од се друго е да се биде искрен и во дијалогот и дебатата и политичарите да седнат и да речат што сакаме да направиме од државава, дали сакаме да биде модерна, дали сакаме да правиме модел или држава со нови симболи. Јас се сложувам дека треба да има промени, но дали тие промени ќе ги приближат луѓето или ќе отворат нови тензии и затоа многу е важно како ќе се настаппува. Пред да се отвори оваа тема требаше Владата да има барем минимални контури за тоа како ќе изгледа решението, да се договори и со опозицијата бидејќи ова прашање е важно секој граѓанин и затоа е битно донекаде сите да се задоволни“, рече Мехмети.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љубомир Спасиќ спортист на Армијата за 2024 година

Следно

Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop