Разговори во Ријад

February 18, 2025
1 min read

По четири и пол часа разговори заврши денешната средба на руската и американската делегација во Ријад. Американски и руски претставници се состанаа во  главниот град на Саудиска Арабија на најзначајните разговори од Студената војна за ставање крај на конфликтот во Украина.

Двете страни, предводени од министрите за надворешни работи Марко Рубио и Сергеј Лавров разговараа за начините за ставање крај на војната во Украина и за обновување на американско-руските односи. Рубио е придружуван од специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф и советникот за национална безбедност Мајк Волц. Покрај Лавров, од руска страна, во преговорите учествуваше и Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Путин. Ушаков разговорите ги оцени како успешни и сериозни. 

„Сè уште е тешко да се каже дека позициите на Русија и САД се приближуваат, но за ова се разговараше во Ријад. Се договоривме да ги земеме предвид интересите на двете страни.“  – Јуриј Ушаков.

 

Според Ушаков, двете страни се договориле да продолжат преговорите за Украина, а исто така накратко разговарале за условите за евентуален самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.  Тој објасни дека е малку веројатно следната недела да се одржи средба меѓу претседателите на Русија и САД и дека е тешко да се зборува за конкретни датуми. 

Од Стејт департментот соопштија дека САД и Русија се договорија да почнат со работа за ставање крај на војната во Украина. 

„Еден телефонски повик проследен со една средба не е доволен за воспоставување траен мир. САД и Русија се согласија „да се решат проблемите во билатералните односи со цел да се преземат чекори неопходни за нормализирање на работата на дипломатските мисии.“ – Тами Брус портпаролка на Стејт департмент.

Украина има суверено право ако сака да ѝ се приклучи на Европската Унија и Москва нема да ѝ диктира како да го направи тоа, објави Кремљ. Според истиот извор, Москва сепак нема да дозволи Украина да му се приклучи на НАТО и на воени сојузи. На денешните преговори не присуствуваа ниту украинскиот претседател Зеленски, ниту други украински функционери. 

„Украина нема да учествува во овие преговори и не знае ништо за нивното одржување во Саудиска Арабија. Украина верува дека преговорите за Украина без Украина се бескорисни. Ние нема да ги признаеме таквите договори.“ – Володимир Зеленски претседател на Украина. 

Во Париз синоќа заврши итниот состанок на европските лидер за Украина, свикан од францускиот претседател Емануел Макрон. Европските партнери  бараат силен и траен мир во Украина, бидејќи Русија мора да ја прекине својата агресија, а тоа мора да биде придружено со силни и кредибилни безбедносни гаранции за Украинците.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Богат книжевен фонд без соодветни услови во градската библиотека “Кочо Рацин” во Тетово

Следно

Владата донесе одлуки за ограничување на маржата на над 1000 производи

Latest from Blog

Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел. Многумина можеби очекуваа и братски дуел на

Трамп: Израел се согласи на „неопходните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел се согласил на „потребните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. Во објава на неговата платформа

Промоција на Практикум за превентивна борба против корупцијата во правосудството и администрацијата

Во Скопје денеска ќе биде промовиран Практикум за превентивна борба против корупцијата во правосудството и администрацијата од авторот Зоран Петковиќ – Бакли, истакнат стручњак од практиката за изведување на клиничка настава по

Ќе се вози и саботна трка во Ф1

Трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1 следната година ќе се одржи во сабота, а не во недела, како што е вообичаено. Светската автомобилска федерација (ФИА), заедно со челниците на
Go toTop