„Новата дипломатија на САД е неконвенционална, но конвенционалната дипломатија ни донесе повеќе војни и конфликти“, вели Муцунски

February 18, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, за време на посетата на Австралија, даде интервјуа за австралискиот јавен сервис SBS на македонски и англиски јазик.

Тој истакна дека ова е прва официјална посета на министер по 15 години, што ја одразува посветеноста на новата Влада кон македонската дијаспора. Посетата се совпаѓа со 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји.

Муцунски ги нагласи трите клучни приоритети на македонската надворешна политика: членството во НАТО, аспирациите за ЕУ и стратешкото партнерство со САД. Тој потенцираше и значењето на зголемената надворешна трговија и јакнењето на економските и политичките врски.

Муцунски се осврна и на актуелните геополитички предизвици.

„Некои можат да ги сметаат методите на новата американска администрација како неконвенционални, но треба да се прашаме – што ни донесе конвенционалната дипломатија досега? Таа ни донесе повеќе војни и повеќе конфликти. Видовме, особено во последните неколку денови, еден ефикасен ангажман од страна на претседателот Трамп и неговата администрација, како и позитивниот прием на овој ангажман од страна на претседателот Зеленски“, изјави Муцунски.

Министерот ја оцени посетата како важен чекор во продлабочувањето на билатералната соработка и зајакнувањето на врските со македонската дијаспора.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наташа Крстевска Цалева поднесе оставка од местото на Хајрулахи вд шеф на Вишото обвинителство Скопје

Следно

Сообраќајни контроли: 796 казни, 338 за неправилно паркирање, 145 возеле пребрзо, 58 немале дозвола

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop