Хуманитарниот конвој на УТМС пристигна во Турција!

February 23, 2023
1 min read

Хуманитарниот конвој на Универзитетот за туризам и менаџмент вчера пристигна во Истанбул, Турција. Денеска, во координација со Амбасадата на Република Турција, хуманитарната помош што ја превезуваше конвојот ѝ беше предадена на АФАД, агенцијата за управување со кризи на турското Министерство за внатрешни работи. Ова тело на турската влада е одговорно хуманитарната помош што пристига во моментов во Турција од целиот свет да дојде до преживеаните во областите зафатени од катастрофалниот земјотрес што ја погодија земјата на 6 февруари годинава, а во кој, според официјалните бројки, загинаа околу 41.000 луѓе.

Конвојот на УТМС, високообразовна и општествено одговорна установа, вчера, на иницијатива на ректорот проф. д-р Аце Миленковски, се упати кон Турција. Дел од вработените од Универзитетот, а во име на целиот колектив и во име на студентите на УТМС, сесрдно се нафатија да ја испорачаат лично, хуманитарната помош што ја обезбеди Универзитетот за настраданите во земјотресот, а која се состои од храна, пијалаци и ќебиња со вредност од над 1,5 милиони денари. Посакаа, со своето директно присуство, да ја изразат својата солидарност со народот на Турција во овие тешки мигови за нацијата.

Писмо на жалење за катастрофата што ја погоди Турција упати и ректорот Миленковски веднаш по несреќните настани на 6 февруари годинава. „Нашиот народ стои рамо до рамо со турскиот народ. Спремни сме да помогнеме на секаков начин, како Универзитет, но пред сѐ како луѓе“, истакна ректорот Миленковски во своето јавно писмо упатено до турскиот народ на денот на катастрофата. Вчера и денеска, неговиот тим ја покажа оваа посветеност на дело, во Истанбул, рамо до рамо со турскиот народ.

Колективот на УТМС ѝ посакува брзо закрепнување на турската нација, изразувајќи надеж дека ваква катастрофа никогаш повеќе нема никому да се случи!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден го номинираше Аџеј Банга за нов претседател на Светска банка

Следно

Шолц: Не би било паметно Киев да ја нападне руската територија со западно оружје

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop