Зеленски: Би сакале да се сретнеме со Кина

February 23, 2023
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не видел никаков кинески мировен план, но дека ќе ја поздрави средбата меѓу Украина и Кина, пренесуваат британските медиуми.

-Би сакале да се сретнеме со Кина, рече Зеленски за време на прес-конференцијата во Киев што ја одржа со шпанскиот премиер Педро Санчез, во пресрет на првата годишнина од руската инвазија на Украина.

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба соопшти дека претходно неделава, за време на средба во Германија, неговиот кинески колега Ванг ги споделил со него „клучните елементи од кинескиот мировен план“.

-Очекуваме дека ќе го споделат целиот текст на мировниот предлог со нас, бидејќи тоа не е нешто за што можете да донесувате заклучоци по разговорите, рече Кулеба.

Обраќајќи им се на новинарите синоќа во Њујорк на Генералното собрание на ОН, Кулеба рече дека Украина е „отворена за дискусии на оваа тема“.

-Подготвени сме да разговараме со оние кои имаат идеи кои можат да ни помогнат да ја постигнеме таа цел, изјави Кулеба. Но, украински функционер вчера предупреди дека ниту еден мировен план не треба да ги преминува „црвените линии“ поставени од Киев.

„Тие црвени линии се принципи на Повелбата на ОН и вклучуваат почитување на територијалниот интегритет на Украина“, рече тој, а потоа додаде: „Нема преговори за ниту една украинска територија. Претседателот Зеленски тоа јасно го кажа во неколку наврати“.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Европската комисија го забрани ТикТок на службените уреди на вработените

Следно

ФОТО: Пожарот кај Смилковско направи голем црн облак над Скопје, интервенираше Пожарна

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop