Шуга во основно училште во кумановско: Еден потврден, тројца сомнителни случаи

February 17, 2025
1 min read

Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце, соопштија денеска надлежните од училиштето.

Денеска, на терен беа присутни и екипи од Центарот за јавно здравје кои извршија увид. Семејството на едниот ученик доставило потврда од лекар до училиштето. Во изолација е и сестрата на првоодделенецот. Останатите два случаи се сомнителни, директорот усно бил информиран и двата ученика се во изолација. Училиштето презело повеќе мерки меѓу кои и дезинфекција.

– Само за еден случај имаме потврда дека има, а за другите ученици имаме усна информација. Тие деца седат дома. Едната е сестра на ученикот за кој имаме потврда. Тој ученик што е излолиран не доаѓа од петокот, и заедно со семејството се во изолација до 22 февруари. Едната ученичка (трето одделение) е сестра на тој ученик (прво одделение) со потврда е тој изолиран, целата фамилија се во изолација. За останатите само вака усно знаеме дека има нешто, меѓутоа немаме официјална потврда, изјави директорот на „Кирил и Методиј“, Скендер Рушити.

Сите училници и простории се исчистени и дезинфицирани за време на викендот. Денеска епидемиолошката служба достави и дополнителни средства за дезинфекција. Од Центарот за јавно здравје најавија повеќе детали по завршување на увидот.

– Преземавме мерки дезинфекција на училиштето, исчистено е, сите простории се дезинфицирани. Денеска дојде и докторка епидемиолог, разговараме како понатаму да се постапи, кои се советите. Наставата продолжува со нормален тек. Наставничката по биологија одржа час за инфективни болести, децата ги запознаеме со појава на оваа болест. Ние, наставниците редовно си доаѓаат и учениците редовно, изјави Рушити.

Шугата е заразна болест која бргу се шири, децата често заболуваат преку блиски контакти, а најчесто болеста се шири во целото семејство. Иако, се смета за болест од минатото сепак, се појавува повремено со по неколку случаи на годишно ниво.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

17 февруари – Ден на македонското новинарство

Следно

Шуга се појави во основно училиште во кумановското село Романовце

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на клупите во населбата Точила

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на клупите поставени за одмор и

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во финална фаза на изградба

Автопатот Охрид–Кичево, еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ВЛЕН денеска станува единствена партија, конгрес во Скопје

ВЛЕН денеска во Скопје на конгрес официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, со што досегашната коалициска структура ќе прерасне во една партија. Со новата организациска поставеност, копретседатели ќе бидат Изет

Коњановски: Запуштениот простор зад полицијата во Битола доби нов изглед

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски информираше дека е завршено партерното уредување на просторот зад зградата на битолската полиција, локација каде претходно биле отстранети гаражи и времени објекти. Според Коњановски, станува збор
Go toTop