СЛАВНИОТ РЕЖИСЕР ЛАРС ФОН ТРИР ПРЕФРЛЕН ВО ЦЕНТАР ЗА НЕГА ПОРАДИ ПАРКИНСОНОВАТА БОЛЕСТ

February 16, 2025
1 min read

Славниот дански режисер Ларс фон Трир, кој има Паркинсонова болест, е префрлен во центар за нега, објави неговата продукциска компанија „Зентропа“. Еден од најголемите современи филмаџии во 2022 ја објави својата дијагноза, кога имаше 66 години.

„Ларс е префрлен во центар за нега, каде што можат да му обезбедат нега и третман што ги бара неговата состојба. Тој е добро со оглед на неговата состојба“, изјави продуцентката од „Зентропа“, Луиз Вест, додавајќи дека морале да ја споделат оваа многу приватна информација поради шпекулациите во данските медиуми.

Фон Трир ја освои Златната палма во Кан во 2000 за „Танчарка во ноќта“, а за истиот филм ја доби и својата единствена номинација за Оскар, за најдобра оригинална песна. Неговиот последен филм „Куќата што ја изгради Џек“ излезе во 2018.

„Со малку среќа, би можел да снимам уште неколку филма“, кажа Фон Трир во 2023.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гузоњин син vs. Генерација З

Следно

Доаѓа студен бран со обилни врнежи од снег

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop