Кањонот во долината Ихлара е комбинација на природна убавина и културно и историско наследство на Туркије

February 16, 2025
1 min read

АКСАРАЈ (АА) – Погледот од воздух открива единствена глетка на природната убавина на кањонот во долината Ихлара во Туркије, јавува Анадолу.

Станува збор за кањон на реката Мелендиз во должина од 18 километри, длабок 150 метри и широк 200 метри.

Познат е како еден од најголемите кањони во светот во кој живееле луѓе и се наоѓа во долината Ихлара во турската област Аксарај.

Овој кањон е туристичка атракција која треба да се посети бидејќи претставува комбинација на природна убавина и културно и историско наследство.

Во кањонот се наоѓаат стотици цркви, манастири, засолништа и самовилски оџаци кои сведочат за цивилизациите што живееле на тој простор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми на 48.271 откако од урнатините се извлечени 6 тела

Следно

Мицкоски: Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop