Путин: „Русија ќе се фокусира на зајакнување на нуклеарната тријада“

February 23, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе се фокусира на зајакнување на својата нуклеарна тријада, мислејќи на нуклеарните ракети базирани на копно, море и во воздух, јавува Анадолу.

Во телевизиското обраќање по повод одбележувањето на Денот на бранителот на татковината, државен празник во Русија, Путин рече дека „модерната и ефикасна армија и морнарица се гаранција за безбедноста и суверенитетот на земјата и гаранција за нејзиниот стабилен развој и нејзината иднина“.

„Ќе продолжиме да доставуваме напредна опрема за нашите војници, вклучувајќи нови системи за напад, опрема за извидување и комуникација, беспилотни летала и артилериски системи“, рече тој.

Путин ги даде овие коментари два дена по суспендирањето на Договорот за контрола на нуклеарното вооружување „Нов СТАРТ“ со САД поради нивната зголемена инволвираност во војната во Украина.

Рускиот претседател, исто така, изјави дека руската индустрија брзо го зголемува производството на целиот опсег на конвенционално оружје и се подготвува за масовно производство на напредно оружје.

„Како и досега, фокусот ќе го ставиме на зајакнување на нуклеарната тријада. Годинава на борбена задача ќе бидат ставени првите лансери на ракетниот систем „Сармат“ со новата ракета.“

„Ќе продолжиме со целосно производство на хиперсонични системи „Кинжал“ и ќе започнеме со масовно распоредување на хиперсонични ракети „Циркон“, лансирани од море“, рече тој.

Тој додаде дека штом нуклеарната подморница „Бореј-А“ ќе биде префрлена во морнарицата, ќе биде завршена обновата на поморските стратешки нуклеарни сили, а уделот на модерното оружје и опрема ќе достигне 100 отсто.

„Нашиот народ верува во вас, бранителите на Русија, во вашата способност, решителност и посветеност на татковината и заклетвата. Милиони луѓе ги следат своите срца помагајќи им на нашите војници на првата линија на фронтот, а ова нераскинливо единство е клучот за нашата победа“, рече рускиот претседател.

Путин, исто така, положи венец на Споменикот на непознатиот војник во Москва, традиционална церемонија со која се одбележува споменот на сите бранители кои некогаш се бореле за Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Алејна Олмез по 248 часа беше спасена од урнатините: „Се борев, не сакав да се откажам“

Следно

Црн облак над Скопје: Горат трска и гуми на Смилковско езеро

Latest from Blog

Меџити со порака за Таравари: Вреди одлучи – светлата се гасат за лицемерието

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, преку Фејсбук му испрати порака на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Меџити информира дека коалицијата Вреди вечерва донела одлука дека светлата се гасат за лицемерието. „Те

Мерц положи заклетва како 10-ти канцелар на Германија

Германскиот конзервативец Фридрих Мерц денеска положи заклетва како канцелар пред претседателот Франк-Валтер Штајнмајер. Мерц (69) беше избран за канцелар на второто гласање во Бундестагот. „За“ Мерц гласаа 325 од вкупно 630 пратеници,

Селими во Отворено: Оваа влада има сериозен проблем со етничкиот легитимитет

Политичкиот аналитичар Сефер Селими во Отворено рече дека оваа влада има проблем со етничкиот легитимитет. Според него, постојат неколку проблеми кои го отсликуваат политичкото претставување на албанците во македонската влада. „Оваа влада

Дипломатски скандал: Албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Меидани, зазема политичка страна

Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Меидани, го заборава дипломатскиот протокол и си игра со оган во матните води на внатрешната политика на Северна Македонија, пишува БЛИЦ.МК Наместо достоинствено да ја

„За што да работам јас?“ – Призводителите со трактори на блокади, бараат средба со премиерот!

Оризопроизводителите од населените места во општина Чешиново-Облешево излегоа на протест и со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип за да го изразат незадолството од актуелните
Go toTop