Шефот на турската дипломатија и шефот на турското разузнавање одржаа билатерални разговори на конференцијата во Минхен

February 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес одржа неколку билатерални средби на маргините на Минхенската безбедносна конференција, јавува Анадолу.

Фидан се сретна со Кит Келог, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Русија и Украина, соопшти турското МНР во објавата на платформата Х.

Претходно, извори од ова министерство информираа дека Фидан се сретнал со јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади и на средбата разговарале за ситуацијата во Палестина и подготовките за реконструкција на Појасот Газа.

На средбата со косовскиот премиер Албин Курти, се дискутирало за билатералните односи меѓу двете земји и последните случувања на Балканот.

Министерот Фидан се сретна и со бугарскиот претседател Румен Радев.

Турските безбедносни извори објавија дека на конференцијата во Минхен присуствува и шефот на Националната агенција за разузнавање (МИТ) на Туркије, Ибрахим Калин, кој се фокусирал на темата на мултиполарност и глобалните и регионалните кризи.

Се наведува дека Калин на конференцијата одржал билатерални средби и присуствувал на состаноци со разузнавачките служби.

Шефот на турската разузнавачка служба ја истакнал кревкоста на прекинот на огнот во Газа, потребата да престанат израелските напади и хуманитарната помош слободно да доаѓа во Појасот Газа.

Калин се осврнал и на процесот на транзиција во Сирија, повикувајќи на укинување на санкциите кон оваа земја и ја нагласи важноста од спречување терористички групи како што се ДЕАШ и ПКК.

САД, ЕУ и Туркије ја сметаат за терористичка организација ПКК која 40 години води кампања против Туркије и е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе.

Покрај тоа, Калин истакна дека поради географската локација на Туркије, земјата е директно засегната од случувањата на Блискиот Исток и од руско-украинската војна.

Тој посочи дека мирот е од витално значење за стабилноста на глобалната економија и се заложи за решение на руско-украинскиот конфликт преку преговори.

Тридневната Минхенска безбедносна конференција завршува во недела.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синер: Ја прифаќам суспензијата на ВАДА

Следно

Осум осомничени за престрелката во Чаир

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop