Средба Муцунски – Георгиев на маргините на Минхенската безбедносна конференција

February 15, 2025
2 mins read

Министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски денеска на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе има средба со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, потврди Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

Во пресрет на оваа прва средба на високи претставници на двете земји по изборот на новата Влада во Софија, Муцунски во изјава за МТВ истакна дека за надминување на предизвикот со Бугарија е потребен дијалог во позитивен дух за прашања кои не обединуваат. 

-Ние треба како соседи да разговараме од гледна точка на духот на добрата верба, да зборуваме за прашања кои не обединуваат, да престанеме да создаваме поделби и да престанеме да создаваме омраза. Логичниот и очигледниот начин како ќе се движиме напред со позитивна енергија и позитивен дух, е доколку се тргнат сите бариери коишто не содејствуваат со европските вредности. Затоа, не е прашањето дали во текот на утрешниот ден ќе се решат сите предизвици, верувам дека нема да се решат. За некои предизвици е потребно и време, потребни се разговори, потребен е дијалог, но сметам дека е можност за позитивен исчекор, изјави министерот Муцунски.

Мицкоски минатата недела истакна дека очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада за одблокирање на евроинтегративниот пат на државава.

-Што се однесува до средби, ние и веќе имавме средби во минатото со највисокото бугарско раководство со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во периодот што следи на различно ниво да има средби со бугарската Влада и тоа не е нешто што треба да не изненади. Нити ние ќе исчезнеме, нити тие ќе исчезнат, ние повторно ќе си бидеме соседи, изјави Мицкоски минатата недела за евентуални средби со новото бугарско раководство, откако претходно министерот за европски прашања Орхан Муртезани од Брисел изјави дека бугарската страна е подготвена за разговори.

Муцунски е дел од Делегацијата што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен, во чиј состав се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Премиерот Мицкоски вчера во Минхен се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, со кого разговарале за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата да се отворат вратите на ЕУ.

Како што соопштија од Владата, Мицкоски посочил дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.

За време на конференцијата премиерот Мицкоски се очекува да има средба и со претседавачот на Минхенската конференција, амбасадорот Кристоф Хојгенс, со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со други политички лидери.

-Претседателот на македонската Влада, Мицкоски ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на Западниот Балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво. Мицкоски ќе ја искористи приликата за лобирање и прикажување на реалната слика од пристапните преговори на државата во поглед на европските перспективи, како и план за развој и економски достигнувања како дел од напорите за економски прогрес и сигурност на граѓаните, се додава во соопштението од Владата.

На 61 Минхенска конференција што се одржува од 14 до 16 февруари ќе се овозможи висок дијалог за клучните надворешни и безбедносни предизвици што се актуелни прашања на политичките лидери. На конференцијата присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и државниот секретар Марко Рубио.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВАДА бара Јаник Синер да биде суспендиран

Следно

Трамп најави воведување царини за увоз на автомобили во април

Latest from Blog

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди
Go toTop