Шефот на НАТO: Членството во НАТО на Украина никогаш не ѝ било ветено како дел од мировен договор

February 14, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека членството во НАТО никогаш не ѝ било ветено на Украина како дел од мировен договор, јавува Анадолу.

„Никогаш не беше кажано порано, па дури ни во таа изјава на самитот во Вашингтон, дека кога ќе се постигне мировен договор за Украина, дека во тој мировен договор, тоа треба да биде НАТО, точка. Тоа не е случај“, изјави Руте за новинарите на Михенската конференција за безбедност.

Тој истакна дека „никогаш не ѝ било ветено на Украина“ дека членството во НАТО „ќе биде дел од исходот“.

Руте додаде дека работите треба да одат „чекор по чекор“, а првиот чекор е да се доведе Украина „во позиција на сила“ и да се обезбеди договор што ќе го спречи рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш да ја нападне Украина.

Шефот на Алијансата повтори дека европските сојузници треба да трошат повеќе и додаде: „Апсолутно е јасно, ако се држиме до сегашните бројки, нема да стигнеме дотаму. Нема да бидеме безбедни за четири или пет години.“

Осврнувајќи се на улогата на Европа во можните мировни преговори, Руте рече дека европските земји сега мора „да излезат со конкретни планови: Прво, да добијат поголема воена помош за Украина. Второ, да се добие повеќе обука за Украина“.

Европа треба „да создаде ефекти на терен, да создаде ефекти во однос на плановите“, за да добие место на масата.

Шефот на НАТО, исто така, изрази тага поради нападот со автомобил извршен вчера во Минхен.

„Се надеваме дека ќе биде јасно што се случило“, рече Руте, изразувајќи надеж и дека жртвите „ќе закрепнат што е можно поскоро“.

Инцидентот се случи вчера кога автомобил влета во толпата во центарот на градот, каде што членовите на синдикатот се собраа на демонстрации.

Возачот на автомобилот, 24-годишен авганистански државјанин, брзо бил фатен од полицијата на местото на настанот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агелер, Трипуновски, Љутков и Јанчев закроија винова лоза и наздравија со вино во Кавадарци

Следно

Презентирана комуникација на Палевски во периодот на убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 21 февруари

Latest from Blog

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба

Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени и законодавни реформи поврзани со воведување уставна жалба, како механизам за директна заштита на основните слободи и права пред Уставниот

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази
Go toTop