Агелер, Трипуновски, Љутков и Јанчев закроија винова лоза и наздравија со вино во Кавадарци

February 14, 2025
1 min read

Американската амбасадорка Анџела Агелер, како и министрите за земјоделство Цветан Трипуновски и за култура и туризам Зоран Љутков, денеска присуствуваа на закројувањето винова лоза во Кавадарци, во рамките на прославата на празникот Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Трипуновски посака успешна и бериќетна година.

– Изминативе месеци како Влада, посветивме сериозно внимание во делот на лозаропроизводството, во делот на виното. Минатата година имавме согласно Законот за вино, цена што беше историски највисока. Тоа е еден показател дека навистина покажуваме „сенс“ во делот на оваа битна гранка. Тука не застануваме. Со редовната исплата на субвенциите што минатата година беа заостанати, продолживме со редовна исплата на субвенциите. Така и денеска на сметките на сите лозари, на повеќе од 11.000 лозари легнаа субвенциите од 2024 година, рече Трипуновски.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој додаде дека пред неколку дена заврши конкурсот за избор на научна институција што треба да ја утврдува производната цена за 2025 година. Притоа истакна дека очекува по нивниот извештај да биде соопштена цената, која, како што нагласи,  е повеќе од убеден, ќе биде на задоволство на лозарите, како што, додаде,  беше и минатата година.

-Во делот на земјишната политика, продолжуваме и во наредниот период и секоја педа земјоделско земјиште да ја ставиме на располагање кај земјоделците. Само така можеме, партнерски, да работиме во делот на зголемување на површините под лозов насад со квалитетни сорти што ќе произведат квалитетно грозје, одговори тој.

На прашање околу винскиот туризам, Љутков рече дека како Министерство за земјоделие и Министерство за култура, поддржуваат голем број на културни манифестации, што всушност го поттикнуваат развојот на винскиот туризам. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО Битола со постапка за злоупотреба при јавна набавка во РЕК Битола, предложено замрзнување на имот

Следно

Шефот на НАТO: Членството во НАТО на Украина никогаш не ѝ било ветено како дел од мировен договор

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop