Стотици луѓе маршираа во Њујорк барајќи реформи во имиграцискиот систем и крај на депортациите

February 14, 2025
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Стотици луѓе маршираа низ улиците на Њујорк барајќи итни реформи во имиграцискиот систем и крај на депортациите спроведени од американската Управа за имиграција и царинска контрола (ИЦЕ), јавува Анадолу.

На демонстрациите имаше силно полициско присуство, а њујоршката полиција уапси неколку демонстранти додека маршираа низ улиците во знак на протест против ИЦЕ.

Демонстрациите се одржуваат во знак на поддршка за милиони имигранти во САД што се соочуваат со неизвесност поради строгите имиграциски политики.

Првиот ден на функцијата, 20 јануари, Трамп потпиша извршни наредби за протерување на голем број имигранти, вклучително и мерки за прекинување на давањето државјанство според право на раѓање.

Наредните недели Управата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) ги интензивираше своите секојдневни рации.

ИЦЕ е федерална агенција за спроведување на законот под Министерството за внатрешна безбедност на САД.

Нејзина официјална мисија е да ја заштити земјата од прекуграничен криминал и илегална имиграција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коцевски не постапува и не го санкционира криминалот со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции

Следно

Во Кривичен продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop