Коцевски не постапува и не го санкционира криминалот со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции

February 14, 2025
1 min read

Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството. Коцевски е платен од граѓаните и треба да ја гарантира правдата и владеењето на правото, а не да е во спрега со политичките криминалци на СДС и ДУИ, соопштија ВМРО-ДПМНЕ.

„Надежта за правда на која се фокусираше СДС заврши неславно со инсталирање на обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал.

Наместо правда, од владеењето на СДС и ДУИ остана само клиентелизмот на судиите избрани во Струмица и Зајас кои ги опструираат предметите и не постапуваат.

Коцевски не постапува по наводите за криминал во Онкологија, ЈПДП, Државна Лотарија, ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, Министерството за здравство, нивите купувани долж трасата за автопатот Скопје – Блаце и мноштво предмети за кои известуваа медиумите.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција.

Неактивноста на Јавниот обвинител доведува до незадоволство кај граѓаните од правосудниот систем, наместо да обезбедат правда тие комплетно го блокираат правосудството, а поради таквите постапки довербата на граѓаните во судскиот систем е 2 проценти“, потенцираа во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ, со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции, наведоа од партијата.

Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Умерено до значително облачно време

Следно

Стотици луѓе маршираа во Њујорк барајќи реформи во имиграцискиот систем и крај на депортациите

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop