Стоилковиќ: Изјаснувањето на граѓаните со различна етничка припадност од нивната, за да добијат работно место, е административен криминал

February 13, 2025
1 min read

Изјаснувањето на граѓаните со различна етничка припадност од онаа што во суштина ја имаат за да добијат работно место е административен криминал, оцени вечерва вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

Нагласи дека сите во земјава треба да бидат свесни за моменталните проблеми во евроинтеграциите и додаде дека на тоа поле треба да се игра на повеќе колосеци, бидејќи, како што рече, знаеме каде стигнавме кога игравме на само еден колосек.

-Како ќе живееме со македонскиот народ овде заедно ако немаме елементарно чувство за нивните проблеми… Тврдењата на Албанците дека доколку Македонците не сакаат во ЕУ, тие сами ќе одат таму се манипулација уште од времето пред полноправното членство на земјава во НАТО. И тогаш велеа ако не сакаат Македонците во НАТО ние ќе одиме сами. Македонија дефакто е 30 години во НАТО, а официјално е пет години членка, рече Стоилковиќ во интервју за ТВ Канал 5.

За најавите за промена на грбот рече дека смета оти само ќе предизвикаат да се направи спирала на дестабилизација и да се отворат многу прашања.

-Моменталните околности кај нас не се погодни за спроведување операција од пошироки размери, истакна Стоилковиќ.

За Судскиот совет, пак, порача дека воопшто нема да беше споменуван во јавноста и во медиумите доколку си ја вршеше добро својата работа. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемен број на заболени од грип: 53,6% повеќе случаи од минатата година

Следно

Трамп потпиша извршна наредба за реципрочни царини

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop