ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

February 13, 2025
1 min read

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспектори од општините на Град Скопје и Градот Скопје, како и од МВР и Дирекцијата за заштита и спасување на подрачјето на главнот град.

Како што информираат од Републичкото јавно обвинителство, дејствијата се преземаат во рамките на предмет поврзан со загадувањето на воздухот во Скопје, а сите надлежни институции се задолжени да изготват соодветни извештаи од извршените контроли и да ги достават до обвинителството.

-Државните инспектори за животна средина треба да вршат надзори во инсталациите кои поседуваат А интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор ќе биде фокусиран над инсталациите кои при извршување на технолошките процеси може да имаат удел во нарушување на квалитетот на амбиентниот водзух и во правните субјекти кои за загревање на објектите користат мазут/нафта, појаснуваат од Обвинителството.

Со иста задача, овластените инспектори за животна средина при Градот Скопје треба да направат  вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат Б интегрирана еколошка дозвола и инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на Град Скопје. Комуналните инспектори и комуналните редари се задолжени да вршат проверка над возилата кои излегуваат од градежните парцели дали ги мијат тркалата, дали има одлагање на отпад на јавни површини, палење на оган на отворено.

Овластените инспектори за животна средина при општините во градот Скопје треба да направат направат вонредни инспекциски надзори во инсталациите кои поседуваат одобрен Елаборат за заштита на животната средина, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на општината.

Од Обвинителството информираат дека Министерството за внатрешни работи врши контрола дали се почитува посебниот сообраќаен режим за тешките товарни возила, насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.

Инспекторите во Дирекцијата за заштита и спасување, пак, треба да извршат контрола на правните субјекти, органите на државна управа, единиците на локална самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите за заштита и спасување од пожари на луѓето кои за загревање на просториите користат мазут/нафта дали редовно ги одржуваат горилниците и редовно ги чистат димоводните канали согласно пропишаната законска динамика.

По доставување на сите извештаи, доколку во нив се содржани елементи на кривично дело од областа на животната средина и природата, Основното јавно обвинителство Скопје веднаш ќе поведе постапки против сторителите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќето Американци се против планот на Трамп за „преземање“ на Газа

Следно

Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop