Николов во 24 анализа: Сам обезбедувам сензор за мерење на нивото на шеќер во крвта, тоа ме кошта од 45 до 55 евра за 14 дена

February 12, 2025
1 min read

Оперативниот директор на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и пациент со Т1 дијабетес, Мартин Николов во 24 анализа рече дека сам обезбедува сензор за мерење на нивото на шеќер во крвта и тоа го кошта околу 110 ева месечно. Според него покрај сензорите важно е да се има и квалитетни глукомери.

„Јас сам си купувам сензор тоа е од 45 до 55 евра за 14 дена или 110 евра месечно. Сензорите ги набавуваме од странство. Со сензорите имаме преглед целосен. Предноста кај мене е што имам инсулинска пумпа, пумпата работи континуиирано и кај мене боцкањето е еднаш на 3 – 4 дена. Потребно е да се најде начин да се донесе најсовремена терапија но и сензори за сите пациенти со Т1 и Т2 со компликации“, изјави Николов. 

Тој рече и дека потребни се квалитетни глукомери и ленти со цел пациентите да имаат поквалитетен начин на живот.

„Ние се бориме и за квалитетна терапија и сензори бидејќи претходните глукометри ги добивме во зипер кесички без декларација и реално не знаеме од каде дошле. Важен е и квалитетот на лентите бидејќи кај нас некои ленти се поскапи за разлика од цените во регионот, мора да се стави некаква контрола“, рече Николов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп рече дека очекува да се сретне со Путин „најверојатно“ во Саудиска Арабија

Следно

Пешев: Скептик сум за 3,7% раст на БДП, реални очекувања се 2,7%

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop