Трамп рече дека очекува да се сретне со Путин „најверојатно“ во Саудиска Арабија

February 12, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „најверојатно“ во Саудиска Арабија на првиот од, како што рече, серијата состаноци фокусирани на ставањето крај на војната на Кремљ во Украина, јавува Анадолу.

Трамп ја нарече војната „катастрофа“ што е „навистина крвава, ужасна“, велејќи дека верува оти со негова помош „ќе направиме нешто“ за да ставиме крај на речиси тригодишниот конфликт.

„Ќе работам со претседателот Путин, главно, по телефон и на крајот очекуваме да се сретнеме. Всушност, очекуваме тој да дојде овде и јас да одам таму, а ќе се сретнеме, исто така, најверојатно во Саудиска Арабија“, им рече тој на новинарите во Овалната соба. „Првпат ќе се сретнеме во Саудиска Арабија, ќе видиме дали нешто ќе завршиме. Но сакаме да ставиме крај на таа војна.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ ќе избира претседател на 16-ти март

Следно

Николов во 24 анализа: Сам обезбедувам сензор за мерење на нивото на шеќер во крвта, тоа ме кошта од 45 до 55 евра за 14 дена

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop