Зафиров во Отворено: Јас сум секогаш за промена на носителите на главните функции во правосудството, потребен е нов модел со кој ќе се обезбеди независност

February 11, 2025
1 min read

Адвокатот Валентин Зафиров, во Отворено рече дека тој е секогаш за промена на носителите на главните функции во правосудството. Според него за обезбедување на независен обвинител потребно е да се отвори Уставот и да се променат законите.

„Правосудството не чини веќе 30 год и се полошо и полошо е. Ако е искрена намерната да се гради независно судство тогаш во ред, но тешко. Тоа ние го имавме и со промената на претходната власт, се мачеја со месеци да го разрешат претходниот обвинител, дали и ова ќе биде така ќе видиме. Сите промени се носат за да донесат нови нивни луѓе. Кога ќе дојдат на власт сакаат да го стават во скут правосудството и тоа го прават 30 години“, рече Зафиров.

Тој објасни дека е потребен нов модел кој ќе помогне да се обезбеди независен државен јавен обвинител но, како што кажа тој потребни се големи промени.

„Со менување на сите закони и отварање на Уставот може да се отвори простор за воведување на нов модел и само така може да се обезбеди независен обвинител без политичка позадина. Сепак браната на криминалот и човековите права е судот, судот падна во 2007 и отткогаш веќе немаме никкава брана. Со овој систем немаме шанса да излеземе од оваа дупка“, изјави Зафиров и додаде дека судствфото функционира само за малите предмети и тогаш се применуваат законите, додека пак за поголемите во кои има корупција законите не функционираат.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дурмиши: Одлуката за ограничените маржи ќе важи и на двата големи празника Велигден и Рамазан

Следно

Земјотрес регистриран во околината на Задар

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop