Дудучки во Аргумент плус: Според мене, дијагнозата на нашата нација е МАМА синдром, потребни се реформи во општеството

February 11, 2025
1 min read

Невропсихијатарот Мице Дудучки во Аргумент плус рече дека за да почне да функционира нашата држава потребни се реформи и промени кои ќе не вратат на старите етички норми. Според него, глобалната дијагноза на македонската нација е МАМА синдром.

„Јас ја поставив дијагнозата МАМА синдром тоа е акроним за малигни архитипски македонски мазохистички аутодеструктивизам. Знаеме што е малигно, нешто што е деструктивно нешто што го нагризува општественото ткиво во сите пори на неговото суштествување, архитипски изгледа како тоа да ни е вродено нам овде на Балканот и се пренесува генерациски. Мазохистички изгледа дека тоа е нешто што во нашата колективна свест постои и е од она турското наведната глава сабја не ја сече но јас велам дека наведнатата глава не видела сонце. Деструктивизмот се однесува на тоа дека ние самите на себе си сме најголеми непријатели, домашните криминалци не крадат, ние немаме како граѓани проблем ниту со Грција, ниту Бугарија ниту Албанија ниту Србија, ние самите на себе си сме најголеми неприојатели“, изјави Дудучки.

Според него, граѓанското општество треба да биде носител на сите промени и движења. Тој рече дека додека се занимаваме со историски лавиринти, потребно е да вложуваме во обраование, здравство и култура.

„Ако сакаме граѓанско општество, граѓанскиот сектор треба да биде носител на сите позитивни движења, ние имаме држава во која партиите одлучуваат за нашиот живот. Никој политичар ниту една држава не даваат пари туку тоа се наши пари, државата нема пари. Министерот по дефиниција треба да биде слуга на народот а кај нас е обратно. Политичарите треба да се плашат од народот а кај нас е обратно и тука ја имаме таа наведната глава и имаме неколку илјади луѓе кои се на платен список и не работат ништо па тоа една швајцарска економија не може да го издржи а не нашата и затоа се потребни реформи и промени“, рече Дудучки.

Тој додаде и дека во нашата држава се потребни реформи во судскиот систем.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци

Следно

Денот во 60 секунди: Инвестиции во обновливи извори на енергија, замрзнување на трговската маржа за поевтини производи на полиците

Latest from Blog

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop