Рама: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење е кршење на демократските стандарди

February 11, 2025
1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, по налог на СПАК,  го смета за кршење на демократските стандарди.

Во реакција за новинарската мрежа БИРН, Рама застана во одбрана на градоначалникот на Тирана, наведувајќи дека Ерион Велиај ќе остане на функцијата.

Рама го опишува неговото апсење како кршење на демократските стандарди и дека истражното досие наликува на обемен роман за ископувањата извршени во неговиот и во животот на неговата сопруга.

Посочил  дека во досието на Велиај нема конкретно прашање за корупција.

-Не само што градоначалникот на Тирана нема да биде сменет од функцијата, туку неговото апсење создаде должност за нас да продолжиме да бидеме цврсти гаранти на правдата, промовирајќи што е можно поголема транспарентност за да се дојде до вистината. Значи, во основа се соочуваме со случај кој создава основано сомневање за истрага надвор од уставните колосеци и притвор во спротивност со демократските стандарди, изјавил Рама.

Според него, петгодишниот став на Социјалистичката партија и премиерот да не коментираат во ниту еден конкретен случај се сменило со вчерашното разрешување на градоначалникот на главниот град, да го затворат во ќелија без судски процес и да ја затворат неговата сопруга дома, мајка на шестгодишен син”.

Во првата реакција за апсењето на Велиај, Рама меѓу другото рече “Го одведоа од канцеларија и го затворија во ќелија без судење, го оставија градот без „глава“.

Медиумите објавија дека   попладнево Рама во градското собрание остварил куса средба со петмината  заменик- градоначалници на Тирана, но детали нема.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат увид во образовниот напредок на нивните деца

Следно

Муртезани-Палминтери: Продлабочување на билатералната соработка, со крајна цел забрзување на процесот на евроинтеграција

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop