Јануарската инфлација во еврозоната 8,6 отсто, во ЕУ 10 отсто

February 23, 2023
1 min read

Годишната инфлација во еврозоната падна на 8,6 отсто во јануари од 9,2 отсто во декември. Во јануари минатата година годишната инфлација изнесуваше 5,1 отсто.

Истовремено, годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 10 отсто, што е мало забавување од декемвриските 10,4 отсто, објави статистичка агенција на ЕУ, Евростат.

Најниска инфлација во јануари има Луксембург со 5,8 отсто, Шпанија со 5,9 отсто, Кипар и Малта со по 6,8 отсто.

Највисока годишна инфлација е забележана во Унгарија од 26,2 отсто, Летонија (21,4 отсто) и Чешка (19,1 отсто).

Споредено со декември, инфлацијата опаднала во 18 земји-членки на ЕУ, а се зголемила во девет.

Најголем придонес во јануарската инфлација имаат храната, алкохолните пијалоци и тутунот со 2,94 отсто, енергијата со 2,17 поени, услугите со 1,8 поени и индустриските производи со 1,73 поени.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопската зоолошка ќе организира хуманитарен настан за Турција и Сирија

Следно

Разрешени министрите Сали, Алити и Чупи

Latest from Blog

Турција и ЕУ разговараа за визите, миграцијата и поддршката за Сирија

Во Истанбул денеска се одржа третата средба од Дијалогот на високо ниво меѓу Турција и Европската Унија за безбедносни и миграциски прашања. Средбата ја водеа турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја

Кривична пријава за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354,

Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ,
Go toTop