Албанскиот јазик и македонскиот, еднакви? – Ибрахими порезервиран од Таравари: Прво треба да се смени преамбулата

February 11, 2025
1 min read

Пред две недели претседателот на АА, Арбен Таравари рече дека во текот на овој мандат албанскиот јазик ќе стане официјален и еднаков со македонскиот, но денеска во Дејли Клик лидерот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими беше порезервиран по ова прашање. Тој рече дека за да се направи ова, најпрво треба да се смени преамбулата за тоа кој е носител на државниот суверенитет.

Зеќирија Ибрахими: Начинот на кој е дефинирана државата го подразбира и начинот на кој се дефинира јазичната политика. Ако во преамбулата на државата имате етникум кој е носител на суверенитетот, во случајов Македонците, јавноста знае кој го напишал овој текст, тоа последователно се рефлектира и во дефиницијата на јазичната политика на Северна Македонија. Со овие закони што се донесени, употребата на албанскиот е унапредена, но за албанскиот јазик да стане официјален јазик на ниво на македонскиот, мора да се смени текстот на преамбулата.

Таравари е убеден дека ова ќе се реализира, сега вие велите дека би требало да биде. Дали сте вие поскептичен?

Зеќирија Ибрахими: Не. Бидејќи јас доаѓам од областа на јазиците, знам дека со вакви работи не треба да се брза и да велиме дека ќе биде. Јас мислам дека г. Таравари е оптимист во овој случај, но бидејќи јас знам како оди дефинирањето на јазичните политики не сакам да давам збор дека ќе стане официјален, бидејќи тоа е поврзано со текстот на преамбулата за тоа кој е носител на суверенитетот. И не може без да се реши прашањето за носител на суверенитетот за да можеме да го решиме прашањето на јазичните политики, затоа сум порезервиран јас. Јас се надевам дека ќе направиме ново унапредување на албанскиот јазик, но не можам да кажам со цела уста дека ќе биде службен и на исто ниво со македонскиот.

Во моментов Ибрахими вели дека се работи да се укине терминот 20% кој се однесува на Албанците како дефиниција за втор службен јазик, односно на албанскиот јазик.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Страда бруталисима“ за бруталистичката архитектура на Скопје ќе не пратставува на Биеналето на архитектурата во Венеција

Следно

Лекарите бараат измени на Законот за јавно здравје за точно да се знае кој може да извршува естетски медицински интервенции

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на клупите во населбата Точила

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на клупите поставени за одмор и

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во финална фаза на изградба

Автопатот Охрид–Кичево, еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ВЛЕН денеска станува единствена партија, конгрес во Скопје

ВЛЕН денеска во Скопје на конгрес официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, со што досегашната коалициска структура ќе прерасне во една партија. Со новата организациска поставеност, копретседатели ќе бидат Изет

Коњановски: Запуштениот простор зад полицијата во Битола доби нов изглед

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски информираше дека е завршено партерното уредување на просторот зад зградата на битолската полиција, локација каде претходно биле отстранети гаражи и времени објекти. Според Коњановски, станува збор
Go toTop