Лекарите бараат измени на Законот за јавно здравје за точно да се знае кој може да извршува естетски медицински интервенции

February 11, 2025
2 mins read

Здружение на дерматовенеролози на Мaкедонија, Македонската асоцијација на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи и Здружение за естетска медицина бараат измена и дополнување на Законот за јавно здравје за да се ограничи можноста за извршување на естетски медицински интервенции од лица кои немаат медицинска квалификација, со што ќе се зајакнат стандардите за безбедност и квалитет во оваа област.

-Иницијативата е поради се почестата злоупотреба на медицински помагала во контекст на употреба на хилајуронски филери, неуротоксин од страна на немедицински лица и се поголемиот број на комликации од истите, вели д-р Игор Пеев од Здружението на дерматовенеролозите.

Трите здруженија своите барања ги имаат испратено до министерот и заменик министерот за здравство и до собраниската Комисија за здравство.

Иницијативата вклучува и измена и дополнување на Законот за јавно здравје, особено во сегментот на неговата застареност и недореченост, што во пракса дозволува несоодветна примена и го загрозува здравјето на пациентите при изведување на медицински процедури од немедицински лица. Како на пример во член 33 од Законот, под активности со кои се продира под кожа, под иста капа се ставаат тетоважите, пирсингот, акупунктурата и слично, заедно со инјектирање на филери, ласерски процедури, липосукција и други медицински интервенции.

-Законот во моментот не одредува кој точно (може да ги извршува овие интервенции), а во друг дел кажува три специјалности. Постојат повеќе начини тоа да се регулира, повеќе модуси. Ние сме отворени за соработка, како фела што се бави со оваа дејност повеќе години, да најдеме начин тие да се одредат. Не само лицата туку и начинот на нивна квалификација, бидејќи не секој доктор е квалификуван и доквалификуван да работи во полето на естетска медицина, рече д-р Пеев.

Д-р Илиева, од Здружението за естетска медицина посочува дека последиците од нестручен третман можат да бидат навистина сериозни.

-Започнувајќи од ткивни инфекции, комликации на кожата кои можат да доведат и до сепса, понатаму запушување на крвни садови поради кои може да доведе до изумирање на дел од ткивото со трајни последици, ботулизам и.т.н…така што последиците се навистина сериозни. За жал, дел од нив се и ревирзибилни како што е на пример слепило кое може да биде предизвикано како последица на запушување на крвен сад, рече д-р Илиева.

Во насока на подигнување на свеста и стручната едукација, во сабота, на 22 февруари во Скопје ќе се одржи Шестиот симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество. Овој настан ќе обедини врвни експерти од земјата и регионот, со цел размена на искуства и презентирање на најновите достигнувања во областа на естетската медицина.

Од Здружението за естетската медицина посочуваат дека тоа е медицинска гранка која бара високо ниво на експертиза и стручност, како и дека со предложените измени на Законот за јавно здравје, ќе се заштитат пациентите од несоодветно изведени интервенции и ќе се воспостават јасни правила за тоа кој може да извршува ваков вид медицински процедури.

Со симпозиумот се создава можност за професионален развој и унапредување на оваа медицинска дисциплина.

Здружението за естетска медицина ги повикува сите засегнати страни, медицински професионалци, институции и медиуми да дадат поддршка за оваа иницијатива со цел заштита на јавното здравје и унапредување на професионалните стандарди во естетската медицина. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанскиот јазик и македонскиот, еднакви? – Ибрахими порезервиран од Таравари: Прво треба да се смени преамбулата

Следно

Украина: Најмалку 7 цивили повредени во руски воздушен напад врз Харков

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop