„СТРАДА БРУТАЛИСИМА“, ПРОЕКТ ЗА БРУТАЛИСТИЧКАТА АРХИТЕКТУРА ВО СКОПЈЕ, Е МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ

February 11, 2025
1 min read

Проектот „Страда бруталисима“ на авторите Благоја Бајковски,  Ана Рафаиловска, Невенка Манчева-Аџиевска и  Марија Антиќ-Николовска е национален претставник на 19. Биенале на архитектура во Венеција, што ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември. Носител на проектот е Националната галерија на Македонија (НГМ). „Страда бруталисима“ ја става во фокус бруталистичката архитектура на Скопје, која е еден уникатен и парадигматичен слој од постземјотресната историја на градот, вели авторот Бајковски.

Презентирајќи ги авторите, министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција рече дека годинава темата на Биеналето е „Интелигенција. Природна. Вештачка. Колективна“.

Професорот на Архитектонскиот факултет, кој е и дел од стручната Комисија задолжена за избор на проектот, Јован Ивановски рече дека на конкурсот пристигнал само еден проект, „Страда бруталисима“.

„На конкурсот пристигна еден проект, ‘Страда бруталисима’, и од таа страна изостана компаративниот преглед, бидејќи беше само еден труд. Но, од друга страна, тоа не беше недостаток туку напротив, Комисијата гледаше продлабочено во она што е содржина на тој труд. Имавме консултации, баравме одредено дополнување на програма која што веќе беше обемна, така што на крајот имавме добар увид во она што е предложено и одлучивме дека предложениот проект соодветствува на условите и на критериумите за учество на Венециското биенале“, рече Ивановски.

Автор и куратор на проектот Бајковски кажа дека „Страда бруталисима“ не пристапува кон овој уникатен и парадигматичен слој од постземјотресната историја на градот како носталгичен омаж на минатото, туку како кон еден динамичен извор на знаење, кое може да биде вткаено кон современата архитектонска дисциплина.

Директорката на Национална галерија Маја Неделковска-Брзанова рече дека „Страда бруталисима“ го става акцентот на еден од најзначајните периоди во историјата на Скопје – реконструкцијата по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, за кое што потенцира дека е особено важно како проект од национален интерес, бидејќи претставува и афирмира дел од богатото архитектонско наследство на нашата земја.

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тетоважите и пирсингот на исто ниво како филерот и ботоксот – Иницијатива за законски измени за доброто на пациентите

Следно

„Страда бруталисима“ за бруталистичката архитектура на Скопје ќе не пратставува на Биеналето на архитектурата во Венеција

Latest from Blog

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19
Go toTop