Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар

February 10, 2025
1 min read

По десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките сали во Клиничкиот центар. Хируршките сали беа затворени во мај минатата година, откога се појави силна смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух.

„Денес посебна чест ми е да најавам дека компресорската станица веќе функционира. Имаме три нови компресори, комплетно нова инсталација За среќа тука е и стариот компресор кој ќе стои какао бекап за евентуално да не ни се повтори ваков проблем. Решаваме проблеми кои ги наследивме. Со новата компресорска станица се покриени сите 18 хируршки сали на Хирургија, исто така салите во ОРЛ и Офталмологија и максилофацијална хирургија. Комплетниот систем е тестиран 10 дена, се функционира како што треба и од денес веќе и официјално се користи“, рече денес министерот Таравари.

Хируршките сали на Клиничкиот центар беа затворени на 22 мај лани поради смрдеата што се рашири од дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Министерот за здравство во тогашната техничка влада, Илир Демири, извести дека примероци од гасот веднаш биле испратени на анализа во Германија, која треба да покаже зошто има лоша миризба. На анализата се чекаше речиси три месеци, а во меѓувреме беше избрана новата Влада. Сегашниот министер за здравство, Таравари, извести дека анализата покажала дека во системот за кислород и компримиран воздух во Клиничкиот центар имало мала концентрација формалдехид.  Пациентите и вработените се жалеа на силна смрдеа, печење во очите, носот и грлото, симптоми идентични на оние предизвикани по изложување на формалдехид.

Хируршките сали летово функционираа со намален капацитет, а работеа со надворешни компресори. Потешките операции се правеа во ГОБ „8 Септември“ и поранешната градска болница „Свет. Наум Охридски“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Филипче во целосна одбрана на политиките на Заев – Се што направил тој, би го направил и Венко

Следно

Муртезани: Довербата во институциите се гради со интегритет, транспарентност и отчетност

Latest from Blog

Случајот со спорното млеко се шири: Land и My Cow биле дел од понудата и во Македонија

Случајот со млечните производи што деновиве е во фокусот на јавноста во Косово има допирна точка и со македонскиот пазар. Два од брендовите што се појавуваат во официјалните наоди на косовските институции,

“Со Еспи појадуваме заедно секој ден, тој го живее својот сон!“ (ВИДЕО)

фото:x.com/realmadriden На отворањето на новата сезона, Реал Мадрид успеа да слави на гостински терен кај Еспањол со гол во судиското продолжение. Со многу нетрпение, навивачите на најважниот спореден настан во Шпанија, па

СВИРЕЖИ И ПОТСМЕВ ЗА ФРИДРИХ МЕРЦ (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочи со неодобрувачки извици и потсмев за време на посетата на област погодена од пожари во Хигеланд, во неговото прво јавно појавување по првиот ден назад на

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина
Go toTop