Курти води на изборите во Косово, но ќе има проблем да состави влада

February 9, 2025
1 min read

Партијата на премиерот Албин Курти е на пат да победи на парламентарните избори, но тој најверојатно нема да може самостојно да формира влада, покажуваат излезните анкети.

Првите излезни анкети што ги објави приштинската телевизија Клан Косова, спроведени од „Ипсос“, покажуваат дека на парламентарните избори во Косово најмногу гласови добило Движењето Самоопределување (ВВ) на Албин Курти – 38,2 отсто или 43 пратенички места.

Следува Демократската партија на Косово (ПДК) Мемли Красниќи со 22,4 отсто или 25 пратенички места и Демократската лига на Косово (ЛДК) на Лумир Абдиџику со 20,1 отсто или 23 пратенички места.

Изборниот праг од пет проценти го омина и Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај во коалиција со Социјалдемократската иницијатива со 7,6 отсто или 9 пратенички места.

Претставниците на српските и другите малцински заедници, исто така, ќе добијат по десет места, вкупно 20 во 120-члениот косовски парламент.

Анкетата ја спровеле повеќе од 100 анкетари во 400 гласачки центри, на примерок од 8.000 лица.

Слични резултати дадоа и анкетите спроведени од Газета експрес, ТВ7 и РТВ Дукаѓини.

Претходно, проекција за изборите објави и Коха, според која ВВ ќе освои 42,3%, ПДК 21,3%, ЛДК 20,4%, а ААК 6,3% од гласовите.

На денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста, се гласаше на 2.533 гласачки места, а право глас имаа 1.970.944 лица во самото Косово и 104.924 во дијаспората. Косовските граѓани во странство гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва, лоцирани во 19 различни земји.

Централната изборна комисија соопшти дека по обработени 90 отсто од гласачките ливчиња, одѕивот е околу 40 отсто.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти, од кои 20 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затворени гласачките места на парламентарните избори во Косово

Следно

Реал Мадрид ќе биде ослабен: Васкез нема да игра против Манчестер сити

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop