Д-р Гроздановска, Клиничка биохемија: Нови методи во 2025 година – обезбеден е поголем буџет за речиси 50 отсто во соработка со ФЗОМ

February 9, 2025
1 min read

Согласно планот за развој на раководството на УИ Клиничка биохемија за 2025 година предвидено е воведување нови методи во оваа јавна здравствена установа, кои првпат би се примениле од оваа година.

– Од моето назначување на оваа позиција заедно со мојот тим сме интензивно посветени за унапредување на работатата на Клиничка биохемија. Нашата цел е преку воведување нови методи да се подигне степенот на здравствена заштита за граѓаните.
Во преговорите за одобрување на буџетот на нашата установа, од страна на ФЗОМ наидовме на разбирање за потребата за унапредување на терциерно ниво на услуги кои пациентите но и здравствените работници го заслужуваат и изразувам благодарност до директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски и неговиот тим за излегувањето во пресрет на ова наше барање со што се овозможува поголем буџет за речиси 50 отсто за оваа намена со новиот буџет за 2025 година, вели д-р Николина Гроздановска, директор на УИ Клиничка биохемија.

Таа појаснува дека станува збор за воведување нови методи за изработка на специфични анализи на терциерно ниво, како и за едукативна и научноистражувачка дејност и тоа:

1. Течна хроматографија тандем мас спектрометрија: Liquid Chromatography Tandem Mass Spectrometry што претставува моќна квалитативна и квантитативна аналитичка техника со широк опсег на клинички апликации, вклучувајќи терапевтско следење на лекови, токсикологија, ендокринологија, педијатрија (за скрининг на новороденчиња), микробиологија и новото поле на протеомика.

Исто така, согласно планот предвидено е и воведување нова метода – течна хроматографија со високи перформанси: High performance liquid chromatography (HPLC).

Понатаму, согласно планот предвидено е да се воведе и LCQ Fleet Ion Trap Mass Spectrometer – системот овозможува да се анализаат примероци за рутинска анализа во општата аналитичка лабораторија, како и токсиколошки скрининг, карактеризација на природни производи и примена за идентификација на пептиди. Овој масен спектрометар со јонска замка, обезбедува максимални информации во минимално време со ниски нивоа на потрошувачка на примероци.

Ова се само дел од методите кои како новина е предвидено да се имплементираат во Клиничка биохемија, а досега не се работеле во установата, со што сега со новиот буџет на установата во соработка со ФЗОМ, ова е овозможено.

За илустрација, 106.130.000,00 е новиот буџет за 2025 одобрен од Фондот, додека во 2024 бил 69.409,872, односно зголемување за некаде околу 50 отсто.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски ќе го искористел јавниот притисок за да ги добие оставките на дел од судиите во Судскиот совет

Следно

Ердоган: Ниедна сила не може да ги принуди жителите на Газа да ја напуштат својата вечна татковина

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по
Go toTop