Граѓански форум: „Секој еден, да не биде следен“

February 9, 2025
2 mins read

„Секој еден, да не биде следен“, порачаа од уличниот форумот, организиран од иницијативата „Кој е следен?“ Градовите се небезбедни и несигурни, каде е коренот на се’ почестите сообраќајни несреќи? Што значи и како се доаѓа до безбеден град?

Со блокирање  на крстосницата кај скопската Зоолошка градина, целта на организаторите е пошироката и експертската јавност преку дебата да најдат конкретни решенија за побезбедни градови. Посочија дека најпрво треба секој  граѓанин да биде свесен за своите постапки.

Игор Антов- „Кој е следен“ 

„Целта на форумот е да се развијат конструктивни решенија за како нашите градови во иднина, но и сега да станат побезбедни места за живеење за сите нас. Сакаме да веруваме дека е можно да се направат системски промени и се надеваме дека денешниот форум ќе развие конкретни барања, кои после тоа ќе бидат артикулирани за пошироката јавност.“

Невладина организација за транспорт со став дека направени се навидум добри решенија во минатото, години наназад кои се провлекуваат и доведуваат до небезбеден град за сите учесници во сообраќајот.

ИЗЈАВА Крсто Минговски-претседател на невладината организација за транспорт „Еуромобилност“  

„Слабостите се сконцентрирани во видот и типот на улиците. Градски улици со 70/90км мораат да бидат исклучени од секакво друго вкрстување, пешачки премени, велосипедски стази, воведување на сообраќај со 50км/ч значи умртвување на таа улица, намалување,стеснување на лентите и.т.н. Втора работа, ние дозволивме пред пет/шест години да се донесе закон, каде на 16 години дете може да дојде до возачка дозвола. Таа измена допринесе да веќе деца кои се четврта година средно да дојдат во допир со возило.“

На дебатата учесниците напоменаа дека не може безбедноста да се сведе само на улици и полиција, безбедноста е нешто што треба да ја засега целата заедница и секој првенствено да биде свесен што прави и што презема.

ИЗЈАВА Ива Петрунова-консултант, истражувач

„Градовите се наши и краен момент е да сфатиме дека граѓаните се оние кои го имаат градот. Градот припаѓа на сите нас. Еден од главните и клучните проблеми во градската безбедност е нашето лошо решение, односно катастрофално решение на јавниот превоз.“

Денешната блокада на Илиннденска бр.2 доаѓа по вчерашниот протест во Неготино во чест на 22 годишната Фросина Кулакова која го изгуби животот на 29јануари, на Партизанска во Скопје, преминувајќи на пешачки премин. Нејзините пријателки, семејството, но и семејствата на останатите жртви кои на ист начин го изгубиле животот побараа „Правда за Фросина“, но и ревизија на останатите случаи. Фросина Кулакова загина на лице место по удар од возилото управувано од 20 годишниот Васил Јованов кој возел со брзина над дозволената, не поседувал возачка дозвола, бил пијан, поминал на црвено. Јованов во моментов издржува мерка пртивор од 30 дена.

Во петокот, пред медиумите за првпат изегоа родителите на Јованов и неговиот бранител ставајќи акцент на тоа дека во моментов владее гнев кон одредено лице со цел да завладее уличната правда, а не онаа во судницата и правдата на едно демократско општество..

За кривичното дело на Васил Јованов, за поседување и трговија со наркотици, судијката Даниела Алексовска-Стојановска која пресудила воспитно поправна мерка-упатување во поправен дом, пред неколку дена судиите од Кривичен суд Скопје ја поддржаа судијката. Според судиите при одлучувањето таа се водела согласно Законските одредби, слободното судиско убедување, воспоставената судска пракса како и наводите на Јавниот обвинител.

Фросина Кулакова не е едниснтвената жртва на скопските улици, додека поминувала на пешачки премин на 3.4.2015 Фросина Цековска, студентка беше прегазена на пешачкиот премин кај Универзална сала, а возачот не застана по кобниот настан и биле регистрирани 1,2 промили алкохол. Тој доби шест ипол години казна затвор, која подоцна беше намалена на три години. Во јануари 2022 година, младата Викторија Николова го загуби животот на пешачки премен кај „Сти мол“ во Скопје, а возачот доби казна затвор од четири години.

Во меѓувреме судот во Сараево, за првпат изрече максимална казна затвор за сообраќајна несреќа со смртни последици, односно 20 години затвор за младиот Армин Берберовиќ кој минатата година под дејство на алкохол и дрога, со одземена возачка дозвола и брзина над дозволената усмрти две лекарки на 25 и 26 годишна возраст.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мендеш и Витиња во ПСЖ до 2029 година

Следно

Пилот се онесвестил среде лет, авионот принудно слета во Атина

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop