Ова повеќе не може и не смее да се толерира, порача Стефковски по денешните дојави за бомби во училишта

February 23, 2023
1 min read

Во објава на својата официјална страна на фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се јави со остра реакција по повод пристигнувањето на нови дојави за бомби.

-Ме информираа дека се пристигнати дојави за поставени бомби во ООУ Наум Наумовски Борче, ООУ Стив Наумов и ООУ Наум Охридски. Од училиштата се превземени мерките согласно утврдените протоколи и учениците се евакуирани од училишните згради и се наоѓаат на безбедно. Во општина Гази Баба на 16.12.2022 година за прв пат пристигна дојава за бомба во училиште, денес сме 23.02.2023 година. Недозволиво е за државата неколку месеци во континуитет да пристигнуваат вакви дојави, а притоа да неможат да се откријат сторителите.

До мене пристигнуваат реакциите на родителите кои со право прашуваат: Дали ова е доказ дека целосно е дерогиран безбедносниот систем на Република Македонија? Или пак се работи за неспособност и непрофесионалност на вршителите на јавните функции?

Ова повеќе неможе и несмее да се толерира! Барам превземање на итни и енергични активности и мерки од страна на надлежните институции со цел оваа појава да запре! – напиша Стефковски.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Три лица загинаа, од кои едно дете, во оружен напад во Флорида

Следно

Почина командантот на украинскиот полк „Азов“ кој помина шест месеци под руско заробеништво

Latest from Blog

ММФ: Половина од светот ги зголеми воените буџети, но економските ефекти се краткотрајни

Според анализата, зголемувањето на воените расходи може краткорочно да ја поттикне приватната потрошувачка и инвестициите и да донесе умерен раст на среден рок, главно поради акумулација на капитал и повисока продуктивност. Сепак,

Хоџа: Tрајни решенија и зелен пресврт во третманот на отпадот, водите и аерозагадувањето

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на опозициски прашања во Собранието на Република Северна Македонија. Во одговор на прашање поставено во врска со справувањето со отпадот, министерот

Општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите со културен и достоинствен настан

Општина Прилеп го одбележа 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, со настан исполнет со култура, талент и заедништво. Во текот на денот, градоначалникот заедно со претседателката и членовите на Советот на
Go toTop