Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

February 8, 2025
1 min read

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто на ТВ Сител.

Тој потенцира дека со чесна и посветена работа се успеало да се оствари зголемување од 75 % на карго превозот и 37 % на бројот на патници во последните три месеци од 2024 година споредено со истиот период од претходната година.

“Скопје-Куманово ќе се патува за 41 минута, луѓето ќе имаат предвидливост за патувањето. Наутро ќе дојдат за Скопје, попладне ќе се вратат. Дополнително планираме почести возови за Битола и за Прилеп, разгледуваме да отвориме мегуѓрадски возови за Тетово и Гостивар, во перспектива да ја вратиме линијата кон Штип и Кочани. Ова е разликата од претходно кога имаше нула локомотиви”- истакна вицепремиерот Николоски.

Во однос на пругата кон Бугарија, вицепремиерот најави дека е формирана комисија од македонска страна и очекува од Бугарија да потврдат дека се подготвени да инвестираат во проектот, за што ќе биде потребна заедничка заложба и договор.

“Бугарската влада испрати еден текст, во суштина тоа е во рамки на претходно разговараните технички прашања во Софија и во Брисел. Ние формиравме комисија од наша страна, покрај мене тука е министерката за финансии, министерот за надворешни работи и директорот на Железници Инфраструктура. Очекуваме слично да се формира и од нивна страна, да поразговараме, да се договориме и да добиеме јасна заложба од бугарска страна дека навистина тие се спремни да вложуваат. Не е само да имаме железничка линија од Скопје до Крива Паланка, туку да се поврземе со Софија и Бургас, што ќе го направи коридорот 8 функционален “ – додаде вицепремиерот Николоски.

Тој дополни дека остануваат трите суштински услови, а тоа е дека мора да има тунел што ќе спојува, Бугарија го изведе својот дел од пругата и да го реконструира делот кој што веќе постои и трето да се направи ревизија на цената на проектот на македонска страна.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

Следно

Ханси Флик отпиша тројца играчи на Барселона

Latest from Blog

Политичар, левичар, наркоман… “ ДА, КОРИСТЕВ КОКАИН, НО НЕ ДОДЕКА СУМ НА РАБОТА…“. Гласајте за мене!

Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин. Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша: „Значи да, пробав кокаин на почетокот на

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и

Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот
Go toTop