Јувентус до крајот на јануари без повредениот Влаховиќ

January 9, 2023
1 min read

Напаѓачот на италијанскиот прволигаш Јувентус и српски репрезентативец Душан Влаховиќ нема да биде во составот на клубот од Торино до крајот на јануари, објавија денеска локалните медиуми.

Влаховиќ ќе ги пропушти натпреварите на Јувентус во Серија А против Наполи, Аталанта и Монца, а српскиот репрезентативец нема да може да му помогне на својот клуб и на дуелот од осминафиналето во Купот на Италија против Монца на 19 овој месец.

Влаховиќ беше дел од составот на Србија на Мундијалот во Катар, но поради повреда имаше помала минутажа.

Јувентус е во проблеми со повредени играчи и во моментов, покрај Влаховиќ, не може да смета ниту на услугите на Пол Погба, Леонардо Бонучи, Хуан Квадрадо, Матија де Шиљо и Глејсон Бремер.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Со промена на власта, со предвремени избори работите во државата ќе почнат да се средуваат пополека, расположението кај граѓаните ќе биде на подобро

Следно

Завршен настан од манифестацијата „Бадникови поворки“: Божиќен концерт во Филхармонија

Latest from Blog

Изгласан Законот за средно полициско училиште

Собранието вечерва на продолжение на 67. седница го донесе Законот за средно полициско училиште. За законот што беше усвоен со Бадентерово мнозинство, расправата беше завршена претходно. Со него се воспоставува правна рамка

Димовски: Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици што се пред нас

Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици коишто се пред нас, а ги има. Единственото оружје, со коешто можеме да се одбраниме

Проданоски: Општината е дом и за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и
Go toTop