Заврши самитот на „Б9“ во Варшава со декларација за засилување на колективната одбрана и помошта за Украина

February 22, 2023
1 min read

Самитот на „Букурешкиот формат- Б9“ во Варшава заврши вечерва со декларација која го осудува рускиот напад и војната во Украина, со ветување дека ќе и помогне на Украина онолку долго колку што и е потребно, со обврска за дополнително зајакнување на способноста на НАТО да ги одврати и колективно да ги брани источното крило, но и да се спречи дестабилизација на партнерските земји, како Босна и Херцеговина.

-Усвоена е декларација со која на соодветен јазик се потврдува посветеноста и политиката на одвраќање и одбрана. Сите се согласија дека во случај на каква било закана ќе си помогнат. Декларацијата, исто така, ја осуди руската крвава инвазија врз Украина, изјави Марцин Пшидач, советник за надворешна политика на полскиот претседател, за декларацијата потпишана од претседателите или премиерите на деветте земји членки на „букурешкиот формат“.

Пшидач нагласи дека сите тие ја потпишале острата осуда на Русија и се залагале за европската иднина на Украина.

-Лидерите на земјите од источното крило на НАТО се залагаат за политика на отворени врати на НАТО и дека местото на Украина е во Европа, рече Пшидач.

„Во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, Украина го користи своето право да се брани од руската агресија со цел да ја врати целосната контрола врз својата територија во меѓународно признатите граници. Ќе продолжиме да и помагаме на Украина се додека е потребно“, се наведува во декларацијата од самитот.

Лидерите на земјите од источното крило на НАТО предупредија дека главната и непосредна закана за безбедноста на сојузниците е Русија, па се согласија дополнително да ги зајакнат одвратувачките и одбранбените капацитети на целото источно крило од Балтикот до Црното Море.

Подготвени сме и за блиска соработка и помош на нашите партнери: Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, кои се најмногу изложени на дестабилизација и штетното влијание на Кремљ“, се наведува во декларацијата.

„Б9“ е регионална иницијатива на Романија и Полска чии претседатели се согласија во Варшава во 2014 година како одговор на руската анексија на Крим да ги координираат позициите за зајакнување на безбедноста на источното крило на НАТО.

Иницијативата беше официјализирана есента 2015 година, кога двете земји потпишаа заедничка декларација во Букурешт за здружување на силите за да се обезбеди посилно присуство на НАТО во регионот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Во вечерните часови продолжува расправата за реконструкција на Владата

Следно

Три турски телевизиски мрежи казнети за критики кон властите по земјотресите

Latest from Blog

Фото: Пејачка го заборавила брусхалтерот

 Тејана Тејлор неодамна присуствуваше на престижниот настан „Time100 Next“ во Њујорк, каде што ги шокираше сите присутни со голо издание. За оваа пригода, пејачката и глумица одлучила да облече исклучително провокативна и

Куче усмртило бебе старо девет месеци: Полицајците ја опколиле куќата и затекнале вознемирувачки призори

Бебе старо девет месеци загина откако во неделата, во својот дом во Роџиет, на југоистокот на Велс, било нападнато од куче. Весникот „The Sun“ јавува дека полицајци ја опколиле куќата околу 18

Видео: Во Белград уапсен екс кошаркарот Владимир Штимац

Според медиумите, акцијата ја спровеле припадници на Управата за криминалистичка полиција, а тој е приведен, како што пишува Новости, „под сомнение дека повикувал на насилно уривање на уставниот поредок“. UHAPSEN STIMAC pic.twitter.com/k49tMn8uyC

Јовановски најави нова ера за Кичево: Единство, напредок и одговорност

Новиот градоначалник на Кичево, д-р Александар Јовановски, им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, историската победа и покажаното единство на изборите. „Почитуван народе, почитувани кичевчани, драги пријатели и познаници –

Солена пита со спанаќ и сирење

Потребни состојки: 3 чаши брашно и малку за посипување 150 грама путер (ладен) 2 јајца 3 лажици ладна вода 1/2 лажичка сол 1 лажичка сушен босилек (или оригано) За Фил: 300 грама
Go toTop