Презентирани дел од доказите против Палчо

February 3, 2025
1 min read

Барањето од  Љупчо Палевски за изземање на обвинителката и ОЈО Скопје е одбиено. Судењето за грабнувањата и свирепите убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годиншиот Панче Жежовски од Велес продолжи со истиот обвинителски тим. Се презентираа снимки од безбедносни камери, а од Обвинителство посочија дека се забележува како на 22.11.2023 година денот кога е извршено убиството на Жежовски, двете возила едно по друго го напуштаат Велес и се упатуват кон Скопје.

На 27.11.2023 од сите изведени докази-видео снимки, обвинителките велат дека се забележува како „рено кангу“ и „цитроен“ се движат по речиси идентичн рута низ скопските улици. „Рено кангуто“ започнува со движење 5.30часот од политичката партија „Десна“ и се упатува кон Автокоманда и потоа започнува движењето на двете возила по идентична рута, во разлика од две до три минути. Околу 10часот „рено кангу“ се враќа во седиштето на „Десна“.

„Не станува збор за било кои возила коишто се движат по улиците на градот Скопје, туку двете возила коишто се употребни да се изврше најпрво грабнување на двете жртви и потоа пренесеување на двете жртви до местото каде се убиени. Цитроенот веќе се препозна, регистарските ознаки беа видливи на двете возила во неколку наврати на видеата. Цитроенот  е возилото кое е во сопственост на Панче Жежовски, од него е одземено дента кога е убиен, а дека истото возило било користено за превезување на оштетеното дете Вања говори и доказот-во опожареното возило на задното седиште е пронајкден врзоп од клучеви и телефонот. Подоцна од мајката на детето се препознаени дека припаѓаат на оштетената Вања. -Ана Стојковиќ Димитровска обвинителка.

Одбраната на Љупчо Палевски ги негира досегашните изведени докази на ОЈО.

„Снимките од камерите не покажуваат ниту еден лик. Не може да кажуваат дека некој им наликува со несигурност. Обвинителството мора тоа да го докаже. Обвинителството, од досегашните 193 изведени докази нема ниту еден презентиран доказ од нивна страна дека е извршено убиството од овие луѓе кои ги обвинуваат, особено од Палевски. Толку е аматерски ова изведено што досега во мојата кариера немам сретнато ваков аметаризам од страна на Обвинителство.“ – Јовица Страшевски адвокат на Љупчо Палевски.

Одбраната на Палевски даде забелешка и за прибраните видео записи на Обвинителството, обвинителките пак потенцираа дека сите докази изведени на главната расправа се апсолутно обезбедени на законит начин од страна на ЈО, преку наредби за прибирање на сите видео записи. 

За време на рочиштето Палевски беше двапати опоменат од судот поради дофрлање за време на изведувањето на доказите, односно видео записите, а потоа беше отстранет. 

Пред почетокот на рочиштето неколку членови на на „Десна“ протестираа со транспаренти против ОЈО Скопје. Следното рочиште е закажано за в петок.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на НАТО: Трансатлантските односи се темел за европската безбедност

Следно

Нови протести во Србија

Latest from Blog

Научната јавност: Современото рударство не треба да се поистоветува со старите технологии

Дел од домашната научна јавност смета дека јавната дебата за рударството треба да се темели на современите технолошки решенија, а не на искуствата од минатото. Професорот Благој Голомеов од Факултетот за природни

Ребалансот носи 46 милијарди денари за капитални инвестиции, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година не е резултат на финансиска криза, туку претставува развојна мерка со која се обезбедуваат средства за капитални инвестиции

Новиот британски премиер ги намалува даноците на сметките за електрична енергија

Според соопштението, британската влада планира да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) на сметките за струја за домаќинствата, почнувајќи од 1 октомври. Трошокот за оваа мерка во тековната финансиска година ќе

ВЛЕН бара темелна истрага за загадената вода во Гостивар

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека очекува целосно расветлување на случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар и утврдување одговорност за сите кои, како што наведуваат, со дејствување или пропуст придонеле за
Go toTop