18 НАЦИОНАЛНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА ДЕЛЕГИРАН БУЏЕТ, ЌЕ ИМААТ ПОГОЛЕМА АВТОНОМИЈА, НО И ОДГОВОРНОСТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЉУТКОВ ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА

February 3, 2025
2 mins read

Делегиран буџет за 18 национални установи е новината во Годишната програма за култура од национален интерес за 2025, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција во Владата.

Љутков кажа дека тие се обврзани да ги објават своите годишни програмски содржини на нивните веб-страници, а со овие промени ќе се создадат „услови за поефикасно планирање и реализација на програмските содржини од страна на директорите, поголема автономија, но и поголема одговорност, а на овој начин ќе се истакне и нивната менаџерска способност.

Вкупниот буџет на Министерството за култура и туризам за 2025, распределен за финансирање проекти од национален интерес во културата, изнесува околу 13 милиони евра (814 милиони денари) и е поголем за 74 милиони денари во однос на буџетот од минатата година

„Ставивме акцент на финансиските потреби на националните установи и откако направивме сеопфатен увид во културата, можеме да го потврдиме е дека националните установи се целосно девастирани. Од оваа година, и во следниот период, МКТ ќе се посвети на целосно враќање на сјајот на националните установи,  како програмски, така и во делот на инвестициско-техничко одржување и кадровско екипирање. Со правилно планирање на буџетските средства, а врз основа на сеопфатна анализа, видно зголемување на буџетските програми има во дејностите драмска за 40%, библиотечна, меѓународна и заштита на аудиовизуелните добра за 30%, потоа во визуелни уметности, архитектура и дизајн, како и во издавачка дејност за 25 отсто“, рече министерот

На конкурсот пристигнале 2.888 пријави, а подджани се 1.365 проекти. Во програмата за драмска дејност, се очекуваат 57 премиери во организација на националните театри, што претставува за 40 отсто зголемена продукција.

„Стручните екипи направија повеќегодишен план за реализација на приоритетни капитални проекти и тие ќе бидат целосно финансирани во повеќегодишни буџети. Овие проекти ќе бидат целосно завршени во годините што следуваат и ќе бидат ставени и во функција на развој на културниот туризам. Дел од овие капитални проекти се започнати уште во 2013 и, за жал, сѐ уште не се завршени, како на пример: Трескавец, Курбиново и Аквадуктот, Старо Нагоричино  Убеден сум дека со целосна посветеност и со добар план ќе се завршат сите капитални проекти во областа на заштитата. Во следниве неколку години ќе работиме на: скопското Кале и Курбиново, кои годинава ќе бидат целосно завршени и промовирани, капитален повеќегодишен проект – конзервација и реставрација на црквата ‘Св. Кирил и Методиј’ во Струмица, капитален проект Шалтер сала – Пошта, која ќе има намена на мултифункционален културен центар. Оваа година ќе се препокрие објектот, а исто така ќе биде изработен и проект за конзервација на ентериерот. Како капитални проекти, целосно ќе се финансираат, историската поставка во Музејот Битола и депото во објектот Мала станица на Националната галерија на Македонија“, рече Љутков.

Во одбележувањето на јубилеите се наведени меѓудругото: 90 години од раѓањето на Стефан Маневски, 100 години од раѓањето на Јордан Грабулоски, 80 години од основањето на Македонскиот народен театар (МНТ) од Скопје,  а Албанскиот и Турскиот театар од Скопје и Прилепскиот театар ќе одбележат 75 години од основањето.

„Во најобемната област по број на пријави, литературата и издавачката дејност, комисијата имаше исклучително тешка и комплексна работа. Од прегледани над 1000 пријави, поддржани се речиси половина. Во листата на предложени проекти се застапени понови жанрови, како: слем-поезија, стрип-литература, графички романи, инклузивни книги за деца со попреченост, хибридни изданија со Брајово писмо и други“, кажа министерот.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Aнгеловска-Бежоска: Реформите се важен фактор за  привлекувањето странски инвестиции

Следно

Брзи измени на Законот за Судски совет?! Филков: Ја разгледуваме опцијата

Latest from Blog

Погребот на папата Франциск во сабота

Во сабота во 10 часот ќе почне погребот на папата Франциск. Десетици кардинали од целиот свет итно се сретна во Рим каде беа договорени деталите за последното испраќање на поглаварот на римокатоличката

Асмир Јахоски останува во притвор, Кривичниот совет го одби неговото барање да биде пуштен

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен

Судот го одби барањето на Јахоски за замена на притворот со гаранција

Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор

Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Берсет

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет, јавува Анадолу. Средбата во Претседателскиот комплекс во Анкара беше затворена за новинарите.
Go toTop