Гвардиола за дебаклот со Арсенал: Жалам само за последните 25 минути

February 3, 2025
1 min read

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се огласи по вчерашниот пораз од Арсенал.

„Граѓаните“ загубија од „Топџиите“ на гостински терен со 5:1 во 24. коло од Премиер лигата.

– Се каам само за последните 25 минути, заборавивме што требаше да направиме, што правевме 65-70 минути. Секако дека е тешко да се игра на овој стадион, против оваа екипа. По нивното рано водство, се консолидиравме и одигравме многу, многу, добро. Изедначивме, но во следната минута тие повторно поведоа. Жалам за последните 15-20 минути, инаку беше многу добар натпревар од наша страна. Тешко е да се сфати ова знаејќи го резултатот, но јас така се чувствувам. Тоа се случува цела сезона, даваме премногу, знаејќи дека не треба да се случи, но се случува. Ваквите периоди треба да ги надминеме, не смееме да ја губиме контролата, натпреварот трае 90-95 минути, изјави Гвардиола.

Манчестер сити со 41 бод од 24 натпревари се наоѓа на 4.место во Премиер лигата.

Арсенал има 50 бода од 24 кола и е втор зад лидерот Ливерпул кој има 56 бода од 23 натпревари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Биткоинот падна за 7 отсто откако Трамп воведе нови царини

Следно

Магична полумесечина го украси небото над Истанбул

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop