Илјадници Аргентинци излегоа на протести против претседателот Ксавиер Милеј

February 2, 2025
1 min read

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Буенос Аирес и другите аргентински градови за да протестираат против говорот што претседателот Ксавиер Милеј го одржа минатата недела на Светскиот економски форум во Давос, осудувајќи ја таканаречената идеологија на Вокизмо (движење на „разбудените“), феминизмот и други прогресивни струи, јавија американските медиуми.

Протестите беа организирани од ЛГБТ+ заедницата под мотото „Федерален марш на антифашистичка и антирасистичка гордост“. Демонстрантите вееја знамиња со виножито и носеа плакати со слогани за „права за кои не може да се преговара“.

На 23-ти јануари во Давос, Милеј остро го критикуваше „болниот вокизам“, социјалната помош, феминизмот, идентитетската политика и борбата против климатските промени. Аргентинскиот претседател рече дека „во најекстремните верзии, родовата идеологија претставува чисто и едноставно насилство врз децата“.

Герман Паладино, еден од демонстрантите, кој по професија е машински инженер, изјави дека владата на Милеј ги запоставува социјалните прашања како што се здравството и образованието додека ги напаѓа приватните животи на луѓето.

-Тука сум да ги бранам правата што ги освоивме, а кои во моментов се напаѓани, изјави 33-годишниот уметник по име Милагрос.

Во последните децении, Аргентина усвои прогресивни закони кои ја потврдуваат сексуалната различност и еднаквите брачни права, потсетуваат американските медиуми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четиригодишното дете што почина во Струшката болница, имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри

Следно

Ристески: Го смиривме галопирачкиот од на цените предизвикан од претходната влада, дадовме позитивен импулс и годината ја завршивме со најниска инфлација од 3,5%

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop