Рама убеден во победата на изборите и добивањето на четврт мандат

February 1, 2025
1 min read

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама е убеден дека неговата партија повторно ќе победи на изборите на 11 мај и со тоа ќе го обезбеди четвртиот мандат.

– По неполни 100 дена, Албанците ќе не поддржат повеќе од кога било досега, не затоа што сме најдобри, иако нема подобар од нас, туку затоа што Албанија е поблиску од кога било до врвот, каде Албанија конечно ќе биде како цела Европа. На тој врв засекогаш ќе го поставиме нашето државно знаме, каде што е дворот на европското семејство и каде што ќе влеземе како еднакви меѓу еднаквите, рече Рама во обраќањето на Националното Собрание на младите на партијата

Порача дека Албанците “треба да знаат дека до тој врв што сега го гледаме со очи, не приближи визијата, тимот, извонредниот труд во сите овие години а не времето”.

-Го донесовме достоинството на Албанија во очите на светот. Еве каде е Албанија благодарение на она што го направивме за една деценија, наспроти тешкотиите и битките. Нашата убава земја ја направивме место каде што секој сака да дојде и да ја посети. За повеќе од една деценија го удвоивме домашното производство а земјата бележи рекордна посетеност од странски туристи, нагласи меѓу другото Рама.

Посочи дека визијата и работата на тимот на Социјалистичката партија, ја “натераа нашата земја да напредува во патувањето кон ЕУ кое ќе го заврши со полноправно членство во 2030 година”.

Ја повика дијаспората да го даде гласот за СП, додавајќи дека ” дадениот глас за нас е камен во новите ѕидови на современата европска албанска држава”.

Парламентарните избори ќе се одржат на 11 мај и се 11-ти по ред во плурална Албанија. Во трите изминатите изборни циклуси, од 2013 година, триумфираа Социјалистите на Рама.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: СДСМ злоупотребуваат трагедија за собирање на евтини политички поени- наместо да покажат минимум човечност, тие водат некрофилска кампања

Следно

Некрофилите од СДС и Левица по теркот на кампањите за Мартин и Тамара ја злопупотребуваат и трагедијата на Фросина, да се дозволи институциите да делуваат

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop