Протест во Струмица против енормното загадување на воздухот

February 1, 2025
1 min read

Енормното загадување на воздухот во Струмица со Пм 10 честички и заради надминатиот праг на алармирање, како и по четврти пат оваа зима стапување во сила на препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска ги крена струмичките екологисти и граѓаните на протестен марш под мотото „Забрането дишење“ во организација на еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица. 

Организаторите побараа спроведување на план за итни мерки и долгорочни решенија за заштита на животната средина во струмичката котлина и за намалување на загадувањето со вонредни и краткорочни мерки.

„Привремена забрана за работа на индустриските погони со висок степен на загадување додека не се инсталираат филтри и не се потврди усогласеност со еколошките прописи, контрола на согорување на опасни и несоодветни материјали во пластениците и индустриските објекти со дваесет и четири часовни патроли, користење на рачни мерачи и дронови, итно затворање на дивите депонии кои испуштаат токсични гасови, нивна санација и физичко обезбедување на локациите со камери и бариери, зачестена контрола на нелегална сечна на огревно дрво, забрана за дотур и пуштање во промет на огревно дрво што не е отстоено во склад осум месеци од денот на сечење“, побараа граѓаните.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас за „соучесништво“ ја опишува изјавата на САД за протерување на Палестинците од Газа

Следно

Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица

Latest from Blog

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,

Сити може да остане без титулите, Јунајтед, Ливерпул и Арсенал би профитирале

Манчестер сити би можел да остане без дел од шампионските титули освоени во ерата во која клубот се соочува со сериозни обвинувања за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. Сè уште

Проданоски: „Градот во мене“ е уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва присуствуваше на отворањето на изложбата „Градот во мене“ на прилепскиот академски уметник Александар Џинго, поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“. Во своите најнови дела,
Go toTop