Јаревски: Владата направи серија чекори за подобрување на условите во Онкологија

January 31, 2025
2 mins read

Во вечерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше пратеникот Тони Јаревски, кој дискутираше за надзорната улога на Собранието, политичката контрола и надзорот над Владата и над другите носители на јавни функции, што се одговорни пред Собранието како една од уставно утврдените надлежности на Собранието на Република Македонија, исто така стави акцент и на оние поважни механизми кои постојат за да се спроведува таа активност, како што се пратеничките прашања, интерпелацијата, анкетни комисии и надзорните расправи.

Пратеникот Јаревски на почеток образложи какви механизми најчесто користат пратениците за да ја реализираат нивната политичка и надзорна улога врз Владата или врз други носители на јавни функции, притоа даде свое видување за организирањето на надзорната расправа за квалитетот на воздухот и што се таа може да донесе во интерес на граѓаните.

„Надзорната расправа во суштина произлегува од надзорната улога што ја има Собранието на Република Македонија и е една алатка којашто ВМРО-ДПМНЕ генерално ја има почитувано многу повеќе отколку нашите политички опоненти во минатото. Сега имаме друг пристап, имаме други општествени чинители, имаме друга влада, имаме институции предводени од луѓе коишто навистина сакаат да направат промени и очекувам и од оваа надзорна расправа и сите други останати што ќе ги направиме, очекувам еден чекор напред придвижување, верувам дека тоа ќе биде уште еден стимул плус или уште еден охрабрувачки чекор и за носителите на институциите па и за нас самите како пратеници да видиме како можеме да помогнеме некои работи да се надминат“, вели Јаревски.

Во поткастот пратеникот стави фокус и на вчерашната собраниска седница на пратенички прашања, каде што зборуваше во врска со скандалот на Онкологија и потенцираше дека веќе е разоткриен криминалот којшто го правела опозицијата на чело со лидерот Венко Филипче , дека јавноста е сведок за сите неправилности кои се направени во однос на местењето на тендерите и кршењето на законите.

„Станува збор за милиони и милиони евра проневерени во процесот, исто така стануваше збор за процес каде што стотици животи беа загрозени и за монструозни чинови и сега некој така да настапи, дека било тоа само таков обид е малку несериозно и неодговорно прво и второ тврдење пазете кажува, тогаш имаше лекови, а скандалот им изби ради тоа што наместо лекови некој им давал физиолошки раствор, крајно неодговорно, затоа ми беше иницијативата да поставам, бидејќи ги утврдивме и хоророт и хаосот и башибозукот што се случувал таму“, рече Јаревски.

Пратеникот ги наведе сите позитивни промени кои се направени во Клиниката за онкологија, како што се добивањето на лековите, зголемувањето на кадарот, ангажираноста на вработените и зголемениот буџет, коишто ќе придонесат да има подобри услови за лекување на пациентите.

„Владата веќе сведоци сте, направи серија на чекори, стигнаа веќе лековите немаме недостаток , нема веќе реверси, нема веќе такво кршење на законот каде во четири очи се договараат без постапка, вработени се голем број на нови доктори, 40 милиони е зголемен основниот буџет на Клиниката за онкологија, динамиката, интензитетот посветеноста на вработените е исто така зголемена на задоволство наше, од она што го добиваме како фидбек од пациентите“, истакна Јаревски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едноминутен молк за Фросина – Сиљановска: Апел до надлежните институции побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата!

Следно

Хамас ги објави имињата на Палестинците кои ќе бидат ослободени утре како дел од размената на затвореници со Израел

Latest from Blog

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма
Go toTop