Ѓурчевски во Аргумент плус: Потребни се повеќе полициски контроли по улиците за да немаме незгоди со смртни последици

January 31, 2025
1 min read

Поранешниот началник во Министерството за внатрешни работи, Љубомир Ѓурчевски во Аргумент плус рече дека за да не ни се случуваат сообраќајни незгоди во кои животот го губат граѓаните, потребно е да има повеќе полициска контрола на улиците посебно ноќно време.

„Потребно е полициските старешини да ги земат предвид и времето и местото кога се случувале вакви незгоди и тоа претежно во текот на ноќта кога се дивее низ улиците. Често пати се случува, оние што ќе направат прекршок да не застанат на даден полициски знак и да се дадат во бегство, да се закануваат на полицајците и да не ги почитуваат. Сетоа ова се должи на многу аргументи“, изјави Ѓурчевски.

Тој појасни и дека порано, за разлика од сега имало повеќе контроли и поголема полициска присутност.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вујо во елемент: Хрватска играше против обложувачи, стручњаци, новинари…

Следно

Стојаноски: Граѓаните покажаа легитимна реакција, ова е сигнал трговците да ги почитуваат договорите

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop